Направете сами: Креативни велигденски декорации и уникатна атмосфера

Имагинативни, елегантни или модерни? Изберете ги најубавите и најинтересните велигденски декорации за вашиот дом! Исполнете го со среќата и магијата на празникот, а доколку планирате да повикате и гости, ќе ги изненадите со вашата оригиналност. За најмалите, подгответе вистинска велигденска забава!

Син Велигден – атмосфера што зрачи со духовност, кралско достоинство и мудрост. Сината боја го претставува ведрото небо и симболизира среќа, искреност и голем број други позитивни емоции.

(1) Направете сами: Креативни велигденски декорации

Женствен Велигден – обновете го чувството на среќа и романса, така што ќе се инспирирате од декорациите на претходните епохи. Овој Велигден, ставете ги најблиските на прво место.

(2) Направете сами: Креативни велигденски декорации

Модерен Велигден – спојте ја жолтата со црната боја. Дизајнерите се согласуваат – оваа комбинација оддава отмена елеганција, чувство на удобност и топлина во домот.

(3) Направете сами: Креативни велигденски декорации

Креативен Велигден – постојат толку многу онлајн туторијали што едноставно нема да знаете од каде да почнете. Целта е да направите нешто со своите раце, за да се почувствувате поисполнето.

(4) Направете сами: Креативни велигденски декорации

Детски Велигден – не заборавајте на најмалите кои најчесто и најмногу се радуваат на ваквите празници. Направете им специјална работилница за фарбање јајца и оставете ги да уживаат во целодневната забава!

(5) (4) napravete-sami-kreativni-veligdenski-dekoracii-www.kafepauza.mk

Прочитајте повеќе за моќниот спој на жолто и црно: Модерни велигденски декорации!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар