Најдоброто решение за првутот е всушност средството за плакнење на устата

Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Не само што го ограничува изборот на облеката, туку и може да биде доста напорен за справување без да направите понатамошна штета на локните. Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност.

Најдоброто решение за првутот е всушност средството за плакнење на устата

Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста (најдобро би било да е Листерин), вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата.

Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут. Чудно? Малку. Ефективно? Апсолутно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар