Најдобрите животни лекции од Џулија Робертс

Џулија Робертс е многу силна личност која успеала да изгради кариера истовремено играјќи ја улогата на мајка и на сопруга во реалниот живот. Прочитајте ги нејзините најдобри изјави што покажуваат колку таа самата се познава и како со прифаќање себеси, со трпеливост и со љубов кон себе можете да стигнете далеку.

Најдобрите животни лекции од Џулија Робертс

„Тајната на сè е да го сакате тоа што го правите.“

„Жените не се рехабилитациски центри за невоспитани мажи. Не е ваша работа да го поправите, да го промените, да му бидете родител и да го пораснете. Вие сакате партнер, а не проект.“

„Кога сакате една личност да биде среќна, дури и ако вие не сте дел од таа среќа, тогаш тоа е љубов.“

„Ако некој сака да ве остави, пуштете го да оди. Вашата судбина не е поврзана со личноста што ве напушта, а тоа не значи дека имате лоша судбина. Тоа само значи дека улогата на таа личност во вашиот живот е завршена.“

„Подобро да имам 30 минути нешто прекрасно отколку цел животот да имам нешто што не е посебно.“

„Верувам дека луѓето се поврзани во срцето и дека не е важно што правите и кои сте или каде живеете; нема ограничувања кога на две личности им е судено да бидат заедно.“

„Вистинската љубов не доаѓа кај вас, таа мора да биде во вас.“

„Подобра сум поради сите работи што ми се случиле, и добри и лоши.“

„Посакувам повторно да бидам девојче затоа што полесно е да заздрават гребнатите колена отколку скршеното срце.“

Прочитајте ги и искрените родителски совети од Џулија Робертс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар