Најдобрите европски градови за студирање

Овие прекрасни европски градови кријат одлични универзитети кои ве чекаат токму вас. Доколку планирате да студирате во странство, тогаш без сомнение би требало да размислите за следниве неколку градови каде што ќе запознаете нови луѓе и различни култури. Тие не само што се најдобриот избор за студирање, туку се и идеални за живот за студентите. Погледнете за кои станува збор…

Краков (Полска)

(1) Најдобрите европски градови за студирање

Центарот на културниот живот на Полска веќе долго време привлекува студенти од целиот свет поради квалитетот на универзитетите, како и поради богатиот ноќен живот. Во Краков се наоѓа и вториот најстар универзитет во Европа, Јагиелонски, кој датира од 14-от век.

Хајделберг (Германија)

(2) Најдобрите европски градови за студирање

Овој универзитетски град во 2014 година бил прогласен од страна на Унеско како град на литературата и токму затоа се претворил во идеален за љубителите на книгата и студентите на книжевноста. Оние кои студираат уметност и архитектура ќе бидат одушевени од неговите историски градби.

Болоња (Италија)

(3) Најдобрите европски градови за студирање

Универзитетот во Болоња е најстариот во Европа, па токму затоа и овој град е еден од најголемите студентски центри. Во моментов таму студираат над 100.000 млади луѓе, што претставува четвртина од целата популација. Од друга страна пак, традициите и културното богатство привлекуваат и многу туристи.

Упсала (Шведска)

(4) Најдобрите европски градови за студирање

Овој град во Шведска се наоѓа на околу 70 километри од Стокхолм, и секоја година е нов дом на голем број студенти кои доаѓаат од околу 17 различни земји. Како важен универзитетски центар, тука се негуваат традиции од повеќе векови, како и систем на студирање кој веќе 600 години е непроменет.

Оксфорд (Англија)

(5) Најдобрите европски градови за студирање

Оксфордскиот универзитет е најпознатиот универзитетски центар во светот. Тој се состои од 30 колеџи и придружни згради, а тоа што е специфично за него е фактот што нема централна универзитетска зграда. Бројните пабови и големиот број студенти го збогатуваат добро познатиот ноќен живот кој дополнително привлекува нови млади момци и девојки.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар