Најдобрите цитати од Стивен Хокинг кои ќе ве потсетат дека ништо не е невозможно

Најдобрите цитати од Стивен Хокинг кои ќе ве потсетат дека ништо не е невозможно

Британскиот физичар Стивен Хокинг е можеби најпознатиот научник во моментов на планетата Земја. Кога имал само 21 година тој бил дијагностициран со амиотрофична латерална склероза, болест која влијае на моторните способности. Сепак, ова не го спречило да развие дел од најважните научни теории во последните неколку векови. Целта на Хокинг била да открие како функционира универзумот и целиот живот го поминал обидувајќи се да ја пронајде теоријата за сè. Тој е една од најинспиративните личности, па погледнете некои од неговите најдобри цитати.

(2)najdobrite-citati-od-stiven-hoking-koi-kje-ve-inspiriraat-da-razmisluvate-poshiroko-kafepauza.mk

„Мојот совет до лицата со инвалидитет е: Концентрирајте се на работите кои можете да ги правите, и немојте да жалите за работите кои вашиот инвалидитет не ви дозволува да ги направите. Не дозволувајте попречувањето да влијае на вашиот дух.“

„Гневот нема да ви помогне кога ќе заглавите. Она што јас го правам е работење на нешто друго додека размислувам за проблемот. Понекогаш се потребни години пред да видам напредок. На пример за губењето информации и црните дупки ми беа потребни 29 години.“

„Интелигенцијата е способноста да се прилагодите на промените.“

„Имам забележано дека луѓето кои велат дека сè е предодредено и дека не можеме да направиме ништо за да го промениме тоа, секогаш погледнуваат од двете страни пред да ја поминат улицата.“

„Сите ние сме различни, но го делиме истиот човечки дух. Можеби човечката природа е прилагодување и преживување.“

(3)najdobrite-citati-od-stiven-hoking-koi-kje-ve-inspiriraat-da-razmisluvate-poshiroko-kafepauza.mk

„Следниот пат кога некој ќе ви каже дека сте направиле грешка, кажете си дека можеби тоа е добро. Бидејќи без несовршенство немало да постоиме ни јас, ни ти.“

„Обидете се да го сфатите она што го гледате и чудете се за работите кои прават да постои универзумот. Бидете љубопитни, и без разлика колку тежок изгледа животот, секогаш постои нешто што можете да го направите, нешто во коешто можете да успеете. Важно е само да не се откажувате.“

„Како прво, не заборавајте да гледате нагоре кон ѕвездите, а не во вашите нозе. Второ, никогаш не се откажувајте од работата. Таа ви дава значење и цел, а животот е празен без нив. Трето, ако сте доволно среќни да пронајдете љубов, запомнете дека е таму и немојте да ја фрлите.“

„Јас сум само едно дете кое не пораснало. Сè уште поставувам прашања како „Зошто?“ и „Како?“ Понекогаш успевам да најдам одговор.“

„Тивките луѓе го имаат најгласниот ум.“

najdobrite-citati-od-stiven-hoking-koi-kje-ve-inspiriraat-da-razmisluvate-poshiroko-kafepauza.mk

„Одржувањето на активноста на мојот ум е клучно за моето преживување, исто како и смислата за хумор.“

„Некои луѓе тврдат дека нештата како љубов, радост и убавина ѝ припаѓаат на друга категорија од науката и не можат да бидат опишани со научни термини. Но, јас сметам дека сега тие нешта можат да се објаснат со теоријата на еволуцијата.“

„Грижата за мојот инвалидитет е трошење време. Секој мора да продолжи со животот, а јас не сум лош во тоа. Луѓето ќе немаат време за вас ако сте постојано гневни или ако постојано се жалите.“

„Јас не знам колкав е мојот коефициент на интелигенција. Луѓето кои се фалат со овој број се губитници.“

Ако се чувствувате поразено, овие моќни цитати навистина ќе ве инспирираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар