Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

Џеки Чен е една од најпознатите и најуспешните холивудски ѕвезди. Сепак, патот до славата за него воопшто не бил лесен, а упорноста и желбата за успех биле клучни во развојот на неговата кариера. Во продолжение прочитајте дел од неговите најдобри цитати кои ќе ве инспирираат да ја преземете контролата врз вашиот живот и максимално да уживате во него.

Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

„Јас сум добар за некои работи, но лош за многу други работи.“

„Никогаш не сакав да бидам вториот Брус Ли. Само сакав да бидам првиот Џеки Чен.“

„Не дозволувајте околностите да ве контролираат. Вие ќе ги смените околностите.“

„Бев жртва на булизам бидејќи бев исплашен и не знаев како да се бранам. Ме малтретираа додека не спречив нов ученик да биде малтретиран. Залагајќи се за него, научив да се залагам за себе.“

„Семејството не е оној чија крв е во тебе, туку оној кого го сакаш и оној кој те сака.“

„Сега кога сум постар, разбирам дека треба да се прифатиме онакви какви што сме.“

„Јас сум луд, но не сум глупав.“

„Понекогаш е потребен само еден чин на љубезност и покажување грижа спрема некого за да му го промените животот.“

„Најдобрите борби се оние што ги избегнуваме.“

„Ако некој не сака да се приврзува за луѓето и желбите, никогаш нема да му биде скршено срцето. Но, тогаш, дали тој некогаш навистина живеел?“

„Да се мирува и да не се прави ништо се две сосема различни работи.“

„Сè што сакам е мојата работа да ги прави луѓето среќни.“

Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Џеки Чен, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Ричард Гир за светот и среќата.

Извор: goalcast.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар