Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење - Part 2

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

5. Киднапирање и убиство

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Achille Lauro е брод кој имал неколку неволји. Но по бруталното киднапирање и убиство, тој бил наречен „Брод за крстарење од пеколот“. Во 1985-та година бродот бил упатен кон пристаниште во Израел кога на него се качиле 4-ца палестински терористи и го киднапирале бродот. Едниот од нив му се налутил на еден американец кој бил во инвалидска количка. Два пати го застрелал патникот и му наредил на екипажот да го фрлат од бродот. Кога бродот се приближил кон пристаништето, терористите се предаделе.

6. Чудно исчезнување

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Во 1998-ма година Ејми Лин Бредли исчезнала од бродот Rhapsody of the Seas. Она што е чудно е тоа што мистеријата уште не е решена.

Таткото на Ејми, Рон, последен пат ја видел заспана на балконот околу 5.15 часот наутро. Кога татко ѝ станал во 6 часот наутро, Ејми ја немало. Наводно, нејзиното семејство забележало дека екипажот ѝ обрнувал премногу внимание. Кога бродот одбил да закотват дури да ја пронајдат, семејството помислило дека Ејми била мета за сексуално ропство.

Во 1999-та година еден човек изјавил дека видел жена во некоја јавна куќа која тврдела дека е Ејми Бредли и молела за помош. 6 години подоцна една организација која се бори против сексуалното ропство пронашла фотографија од девојка која изгледала како Ејми и позирала во својата долна облека.

7. Мртво бебе

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Во октомври 2011-та година, Алисија Кеир пловела на Carnival Dream до Свети Мартин. Таа имала и тајна – била бремена. Не ја споделила веста со никого бидејќи не била сигурна кој е таткото.

За време на крстарењето Алисија самата се породила во кабината. Го завиткала женското бебе во крпа и го ставила под кревет. Таа имала неверојатно крстарење и кога патувањето завршило, таа си заминала. Замислете го шокот на чистачките кои го пронашле телото на малото бебе. Алисија ја признал вината и била осудена на 1 ден во затворот, но не ги одлежала ни тие 24 часа.

8. Издрогирана и оставена да умре

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Приказната за Дајен Бримбл е можеби најморничавото нешто што се има случено на брод за крстарење. Во 2002-ра година неколку медицински лица биле повикани во една кабина која им припаѓала на 4-ца мажи. Бримбл била без свест во тоалетот покриена со нејзина екскреција. Била прогласена за мртва 30 минути подоцна поради предозирање од дрога и алкохол.

Иако сведоците кажуваат дека Дајен заминала со 4-цата мажи ноќта пред нејзината смрт и дека мажите биле обвинети за вознемирување и нудење дрога на други жени, вклучувајќи и тинејџерки, тие биле ослободени од речиси сите обвиненија.

9. Најчести злодела на бродови за крстарење

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Најчестиот криминал на бродовите за крстарење е сексуално вознемирување. Сексуалните напади ги надминуваат сите други, а жртвите многу често се малолетни. Овој проблем постои одамна. Индустријата и власта изјавуваат за овие злодела со години. Сепак јавноста добила појасна слика за она што се случува дури во 2016-та година. Најчесто нападите од овој вид не се пријавени или се третираат како полесно кривично дело.

Прочитајте ги и овие морничави и нејасни нерешени мистерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар