На оваа илустрација се кријат само 2 работи: Она што прво ќе го забележите открива што ви е потребно во животот

На оваа илустрација се кријат само 2 работи: Она што прво ќе го забележите открива што ви е потребно во животот

Дали во моментов сте во фаза каде што се чувствувате малку несигурно и потребна ви е нечија заштита или сте слободни и независни? Погледнете ја илустрацијата и ќе добиете совет што точно треба да направите.

1-na-ovaa-ilustracija-se-krijat-samo-dve-raboti-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-otkriva-shto-vi-e-potrebno-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Постојат две можности, односно прво да сте здогледале слон или село со колиби, дрвја и птици. Кој беше вашиот одговор?

Село со дрвја и птици

2-na-ovaa-ilustracija-se-krijat-samo-dve-raboti-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-otkriva-shto-vi-e-potrebno-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Вашиот избор открива дека сте слободен и независен човек. Но, тоа има и свои недостатоци, бидејќи вие сте како брод, а животот копно. Не сте врзани за копното, па лесно се губите. Сѐ уште не ги познавате добро границите помеѓу она што е дозволено и забрането.

Таквиот став може да ве доведе до проблеми и расправии, па дури и до развод, доколку сте во брак. Поголемиот дел од луѓето не го разбираат вашиот слободоумен начин на размислување, а поединците кои се такви често во животот остануваат сами и осамени.

Предности на таквиот начин на размислување може да бидат тоа што сте единствени, интересни и талентирани. Луѓето сакаат да минуваат време со вас, бидејќи добро ги разбирате и знаете да ги сослушате. Ако верувате во себе, можете да ги надминете сите потешкотии и да живеете токму онака како што сакате.

Слон

3-na-ovaa-ilustracija-se-krijat-samo-dve-raboti-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-otkriva-shto-vi-e-potrebno-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Тоа што прво сте го забележале слонот открива дека моментално имате чувство дека ви е потребна заштита. Потребен ви е некој што ќе ве заштити како што овој слон на илустрацијата го штити селото. Се наоѓате во период од животот во кој се чувствувате многу несигурно.

Вие сте многу љубезни, чесни, искрени, скромни и великодушни. Внатрешниот глас ви вели дека е време да продолжите понатаму со животот и би требало да го послушате. Ослободете се од сите негативни мисли и луѓе кои ве опкружуваат. Тргнете по патот кој во животот ќе ви донесе повеќе смеа, комуникација, љубов… Секој пат кога ќе почувствувате дека сте преплашени да тргнете понатаму, сетете се на овој слон. Тоа ќе ви помогне да се смирите и да донесете вистински одлуки.

Познато е дека слончињата носат среќа, а вие изберете го најпривлечното, кликнете на него и дознајте каков совет крие за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар