Мудрите зборови на Стивен Хокинг: Како да ја победите депресијата и животните потешкотии?

Мудрите зборови на Стивен Хокинг: Како да ја победите депресијата и животните потешкотии?

Човекот кому во 1963 година му предвидуваа уште 2 години живот и ден денес нѐ инспирира и охрабрува. Светски познатиот физичар, Стивен Хокинг, предавал лекција за црни дупки на Кралскиот колеџ во Лондон. На предавањето, научникот дал едно свое интересно гледиште дека црните дупки не се крај и смрт, туку најверојатно патишта до други универзуми. Истото можеме да го кажеме и за депресијата.

Мудрите зборови на Стивен Хокинг: Како да ја победите депресијата и животните потешкотии?

За време на своето предавање, професорот Хокинг не одговарал само како научник, туку и како обичен човек. Тој дал многу поетичен одговор на прашањето: Како можеме да ги совладаме потешкотиите во животот? Тој ја споредил депресијата со црна дупка.

„Поуката од ова предавање е дека црните дупки не се црни како да се, на пример, насликани или обоени. Тие не се вечни затвори како што се мислело некогаш. Сите можат да излезат од црните дупки. Можат да излезат надвор од нив, но и да влезат во други универзуми. Па така, ако се чувствувате како да сте паднале во црна дупка, не се откажувајте – постои излез.“

Стивен Хокинг навистина може да му послужи секому како инспирација, бидејќи тој не е само брилијантен научник чии откритија го сменија светот на науката, туку и човек кој е познат по својата силна волја.

Нему му била дијагностицирана болест на моторните неврони во 1963 година и докторите му дале 2 години живот. Хокинг не само што преживеал, туку и дошол до голем број откритија, напишал книги, држел предавања и продолжил и понатаму да инспирира. Секогаш кога ќе се почувствувате депресивни и безнадежни, сетете се на неговите зборови: „Секогаш постои излез. Можеби и до некој друг универзум“.

Доколку ви треба уште малку мотивација, прочитајте ги и најдобрите цитати од Стивен Хокинг кои ќе ве потсетат дека ништо не е невозможно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар