Можете ли да ја решите оваа загатка што дури ни компјутерите не ја разбираат?

Иако во денешно време се верува дека компјутерите и мобилните телефони имаат толку напредни функции што се попаметни од луѓето, сепак тоа е далеку од вистината. И покрај брзиот развој на технологијата, луѓето се сепак поинтелигентни од машините, а сега постои и доказ за тоа. Оваа загатка обично им се дава на луѓе кои посетуваат курсеви за компјутери. Интересно е тоа што луѓето можат да ја решат, но машините никогаш не би можеле да ја разберат. Станува збор за следнава загатка…

Можете ли да ја решите оваа загатка што дури ни компјутерите не ја разбираат?

Колку години имаат овие 3 сестри ако:

  • Производот од нивните години изнесува 36.
  • Збирот од нивните години изнесува 13.
  • Најстарата сестра е русокоса.

Успеавте да ја решите? Доколку не можете да се сетите на решението, погледнете го одговорот тука…

  • Решение

    Доколку производот од нивните години изнесува 36, тогаш нивните години мора да се една од следниве 8 комбинации:

    36 = 2 х 3 х 6, збирот од овие години изнесува 11.

    36 = 2 х 2 х 9, збирот од овие години изнесува 13.

    36 = 4 х 9 х 1, збирот на овие години изнесува 14.

    36 = 4 х 3 х 3, збирот на овие години изнесува 10.

    36 = 18 х 2 х 1, збирот на овие години изнесува 21.

    36 = 12 х 3 х 1, збирот на овие години изнесува 16.

    36 = 6 х 6 х 1, збирот на овие години изнесува 13.

    36 = 36 х 1 х1, збирот на овие години изнесува 38.

    Ни останаа само два возможни одговора, бидејќи 2 + 2 + 9 = 13, но и 6 + 6 + 1 = 13. Токму тука навидум бескорисниот коментар дека „најстарата сестра е русокоса“ станува корисен. Оваа реченица покажува дека постои постара сестра која нема близначка. Па, според тоа, само првата равенка одговара. Одговорот е дека најстарата сестра има 9 години, а двете помали имаат по 2 години.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар