Моќни цитати за љубовта кон себе

Во природата на секој човек е да сака некого, а и да биде сакан од другите. Сепак, многу луѓе имаат навика да ги молат блиските да останат до нив, така што се губат себеси. Оваа постапка воопшто не е добра. Запаметете дека пред да сакате друг, најпрво морате да се сакате себеси. Никој не сака до себе да има личност којашто постојано бара некој да им ја потврдува нивната вредност. Секој човек, без разлика дали е во врска или не, најпрво треба да настојува да се чувствува удобно во своја кожа. Погледнете ги овие неколку инспиративни цитати коишто ќе ви помогнат да ја зголемите љубовта кон себе.

1. „Најпрво сакајте се себеси и сѐ друго ќе се среди. Треба навистина да се сакате за направите нешто во овој свет.“ − Лусил Бол

Да зависите од нечии пофалби е навистина ризична активност. Секако, кога имате пофалби и љубов од другите, справувањето со ризиците во животот може да изгледа многу лесно. Меѓутоа, коа не би постоеле тие работи (што може да биде од различни причини), вашата самодоверба би исчезнала и потешко би можеле да си ја вратите љубовта кон себе. Затоа, поставете ги вашите цели на таков начин што ќе си докажете себеси дека не ви е потребно нечие надворешно одобрение за да ги исполните.

2. „Грижата за себе никогаш не е себичен чин, тоа е само добро управување со единствениот подарок што го имам, подарокот што сум на земјата за да им понудам на другите.“ − Паркер Палмер

Ако имате зафатен живот, ставањето на сечии други потребни пред вашите, може да стане ваша редовна навика. Ова ви ја одзема можноста не само да се сакате себеси, туку и да формирате здрави односи со другите. Затоа, одвојте време за себе, за релаксација, за вежбање, за добра исхрана, за забава, време за да го правите она што ве исполнува и ве прави среќни.

3. „Човек не може да се чувствува удобно без сопствени пофалби.“ − Марк Твен

Дури и да сте во врска, без да се сакате себеси, вие постојано ќе се борите да добивате комплименти и пофалби од страна на вашиот партнер. Тоа е така затоа што оние коишто имаат лоша слика за себе секогаш мислат дека другите не може да мислат добро за нив. Кога не сте во врска е вистинско време да научите да се сакате себеси, па кога ќе најдете некој со кого би сакале да го делите животот, нивните пофалби само ќе бидат дополнителен извор на среќа.

4. „Премногу луѓе го преценуваат тоа што не се, а го потценуваат тоа што се.“ − Малком С. Форбс

Кога последен пат сте седнале и сте помислиле на сите ваши добри карактеристики и квалитети? Ако секогаш го преценувате она што го имаат другите, ризикувате да ги заборавите своите квалитети, а како резултат на тоа, вие не го користите целиот свој потенцијал. Затоа, настојувајте редовно да се потсетите на вашите квалитети.

5. „Нашата самопочит ги одредува нашите избори. Секогаш кога ќе постапуваме во согласност со самите себе и нашето срце, ние се здобиваме со почит. Тоа е едноставно. Секој избор е важен.“ − Ден Коперсмит

За да се сакате вистински, најпрво е потребно да сфатите кои сте навистина. Затоа, кога сте сами настојувајте да го поминувате времето квалитетно. Откријте ги и почитувајте ги сопствените интереси и хобија. На овој начин не би се изгубиле кога би биле во врска со некој. Напротив, би се гордееле со она што сте.

6. „Сте се критикувале со години и тоа не ви помагало. Обидете се да се пофалите себеси и видете што ќе се случи.“ − Луиз Л. Хеј

Лесно е да се претпостави дека самокритикувањето ќе ве поттикне да станете подобри. Но, во реалноста тоа не функционира секогаш така. Наместо тоа, самокритикувањето доведува до зголемување на негативната енергија којашто ќе ве спречи да посегнувате по нови работи. Време е да го промените ова. Почнете себеси да си упатувате пофални зборови и забележете ја промената.

7. „Никој не може да направи да бидете понизни без ваша согласност.“ – Елинор Рузвелт

Факт е дека каде и да одите ќе постојат луѓе коишто ќе се обидуваат да ве понижат со своите коментари. Ваше е да направите избор: Дали ќе дозволите да ви влијаат нивните зборови или ќе ги отфрлите мислењата на поединци коишто немаат право да ви судат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Marijan Reply

    Licno ne sum toj tip na covek no sakam da istaknam golemo pozitivno iznenaduvanje na hrabrosta zrelosta I lesnotijata so koj se odbiraat I pisuvaat ovie temi. Pozdrav do avtorot

Остави коментар