Моќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времиња

Моќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времиња

Дали се чувствувате безнадежно? Јода може да ви помогне! Во животот работите постојано се менуваат и тоа понекогаш знае да биде неподносливо. За да продолжите напред мора да заборавите на сѐ она што ве држи заглавени во минатото. Но, решението е многу поедноставно одошто мислите, само треба да го направите првиот чекор.

Моќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времиња

„Војна на ѕвездите“ може да ви ја даде потребната мотивација. Доколку сте го гледале овој филмски серијал, сигурно знаете дека Јода е неверојатно мудар лик. Неговата мудрост може да се примени и во секојдневниот живот. Можеби си мислите дека неколку цитати нема да ви помогнат, но никогаш не ја потценувајте моќта на инспиративните зборови.

Без оглед дали се борите со тешкото минато исполнето со срам и каење, поминувате низ тешко раскинување или се чувствувате несреќни поради вашата моментална животна состојба, верувајте дека нештата ќе станат подобри. Треба само да го направите првиот чекор, а овие моќни цитати се одличен начин да почнете од некаде…

„Научете да се ослободувате од сето она што се плашите да го изгубите.“

„Стравот е патот до темната страна. Стравот води кон лутина. Лутината води кон омраза. Омразата води кон страдање.“

„Смртта е природен дел од животот. Бидете среќни за оние околу вас кои се претвораат во Силата. Немојте да жалите за нив. Нека не ви недостасуваат. Приврзаноста води кон љубомора. А тоа е сенка на зависта.“

„Во темно место се најдовме и знаењето ќе ни го осветли патот.“

„Во оваа војна постои опасност дека ќе се изгубиме себеси.“

„Кога гледате во темната страна, мора да бидете внимателни бидејќи темната страна никогаш не го возвраќа погледот.“

Моќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времиња

„Мора да го заборавите она што сте го научиле.“

„Ако одите кон она што е безбедно, ќе најдете само болка.“

„Иднината е секогаш во движењето.“

„На крајот на краиштата, само кукавиците ја следат темната страна.“

„Почувствувајте ја силата!“

„Имаш уште многу за учење, ученику мој… Ова е само почетокот!“

„Џедајот мора да има длабока посветеност и сериозен ум. Ова сум го гледал долго време. Целиот негов живот тој гледа настрана… Во иднината, во хоризонтот. Неговиот ум никогаш не е таму каде што е тој.“

„Многу од вистините во кои веруваме зависат од нашата гледна точка.“

„Сум бил на многу долги патувања. Но, и сум ги чекал другите да се вратат од нивните патувања. Некои се враќаат, некои се скршени, некои се враќаат толку поинакви што само имињата им остануваат исти.“

„Морате гласно да го изговорите вашиот страв пред да можете да го победите.“

„Ќе го најдете само она што го давате од себе.“

Доколку сте вистински љубители на „Војна на ѕвездите“, прочитајте ги овие легендарни цитати по кои ќе ја паметиме актерката, писателката и феминистката Кери Фишер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар