Миротворци, филозофи, мистици: Времето на раѓање ги одредува вашите клучни карактерни црти

Не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или доцна навечер. Некои свои постапки, ставови и расположенија подобро ќе ги разберете ако ги знаете нумеричките вибрации на часот на вашето раѓање. Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има одредена астролошка фреквенција, која во голема мера влијае на биоенергијата. Па, според тоа во колку часот сте родени, погледнете неколку карактеристики за вашата личност.

Откријте неколку карактеристики за себе врз основа на тоа во колку часот сте родени

Од 24.00 до 02.00 часот се раѓаат луѓе кои се многу љубопитни и кои сакаат сè да знаат.

Од 02.00 до 04.00 часот се раѓаат многу вредни луѓе, ориентирани кон материјални работи.

Од 04.00 до 06.00 часот се раѓаат храбри личности кои можат да ги преминат сите препреки и кои поседуваат лидерски способности.

Од 06.00 до 08.00 часот се раѓаат таинствени луѓе со добра духовна организација, а поседуваат и посебна способност за емпатија.

Од 08.00 до 10.00 часот се раѓаат хуманисти и шармантни луѓе.

Од 10.00 до 12.00 часот се раѓаат активни луѓе кои сакаат да го променат светот кон подобро.

Од 12.00 до 14.00 часот се раѓаат необични луѓе кои сакаат ризик и авантура, а имаат и бујна фантазија.

Од 14.00 до 16.00 часот се раѓаат силни луѓе кои се способни да ги надминат сите потешкотии, и кои се незаменливи во нестабилни ситуации или времиња.

Од 16.00 до 18.00 часот се раѓаат миротворци кои имаат способност да ја согледаат ситуацијата во целина, а исто така имаат и многу добар карактер.

Од 18.00 до 20.00 часот се раѓаат луѓе со силна волја, способни за големи подвизи.

Од 20.00 до 22.00 часот се раѓаат „ѕвезди“ и за нив не е погодна скромната улога во животот.

Од 22.00 до 24.00 часот се раѓаат филозофи со хармоничен внатрешен мир, иако понекогаш не се разбрани од луѓето.

Доколку сакате подетална анализа, погледнете ја улогата на часот на раѓање врз вашиот карактер во ова подетално објаснување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар