Масирајте ја вашата Гамут точка на раката и ослободете се од штетните навики

Масирајте ја вашата Гамут точка на раката и ослободете се од штетните навики

Со управувањето и ослободувањето енергија преку меридијаните, ние можеме да создадеме простор за новото и подоброто додека истовремено се ослободуваме од штетните навики. Емотивното здравје е основата на самодовербата, додека пак таа е отскочна даска за постигнување што било во животот. Можноста да се ослободиме од лошите навики и во нашиот живот да внесеме здрави може да ни овозможи целосно остварување на нашите потенцијали.

Масирајте ја вашата Гамут точка на раката и ослободете се од штетните навики

Нерамнотежата во телесниот енергетски состав има длабоко влијание врз психологијата на личноста. Коригирањето на оваа нерамнотежа, која се постигнува со тапкање на одредени области на телото, често доведува до ослободување на блокадите. Во нашето тело постојат 12 главни меридијани кои се дел од една целина видлива и во наталниот хороскоп. Овој хороскоп го носите преку вашето тело, додека секој од 12-те меридијани на телото всушност претставува влез во одредена куќа од хороскопот. Благодарение на тоа можеме брзо да го дијагностицираме енергетскиот програм кој е блокиран, а со тоа и областа од нашиот живот која страда.

Меридијанот на тројниот грејач се однесува на сè она што е во нашата втора куќа во хороскопот (во знакот Бик) и е поврзан со најосновните животни вредности и навики. Токму овој меридијан е оној кој сака сите нешта да ги одржи стабилни, па затоа и новите работи ги доживува како напад и затоа дури и оние кои се позитивни ги дефинира како несигурни. Работата на него ви овозможува да усвоите нови посакувани навики, како и промени во вашиот живот.

Вежба: Тапкање на точката која се наоѓа на меридијанот на тројниот грејач (Гамут точка)

Станува збор за третата точка на меридијанот на тројниот грејач, популарно позната како Гамут точка (Gamut point). Таа се наоѓа во пределот помеѓу малиот прст и тој до него.

Со стимулирањето на оваа точка вие го смалувате отпорот кон новите нешта, го олеснувате прифаќањето на промените и токму затоа си овозможувате и промена кај чувствата за вашата лична вредност, како и отфрлање на штетните навики.

Вежбата започнете ја така што најпрво ќе го идентификувате проблемот и откријте колку е тој интензивен на скала од 1 до 10. Кога интензитетот е поголем од 5, најпрво низ една јасна изјава на глас прифатете го, а потоа отпуштете го. Можете слободно да ја користите изјавата: „Иако не заслужувам да имам/бидам/добијам, јас длабоко се прифаќам себеси.“ Повторувањето на оваа изјава додека истовремено тапкате на точката Гамут (минимум 3 минути) ќе ви помогне да го намалите интензитетот на непосакуваните емоции, а понатаму дури и целосно да се ослободите од нив.

Откако ќе завршите со прифаќањето, најдобро е празниот простор веднаш да го исполните со нова позитивна афирмација, како: „Јас сега одбирам да заслужам _______ и затоа длабоко се прифаќам себеси.“ На овој начин поврзувањето помеѓу свесниот и несвесниот ум ќе ви помогнат да усвоите нов систем позитивни вредности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар