Луѓето трошат по многу пари за „виртуелен имот“

Земјиште коешто можете да го наречете ваше. Огромна површина недопрена почва и дрва каде што можете да ја пуштите вашата фантазија. Звучи како да се остварил некој сон, зарем не? Но овде станува збор за „виртуелен имот“ кој сè уште не можете да го посетите.

Луѓето трошат по многу пари за „виртуелен имот“

Genesis City е виртуелно земјиште со големина на Вашингтон. Инвеститорите можат да купат делови од земјиштето за огромни суми пари. На пример, земјиште од само 100 метри квадратни може да ве чини дури 170.000 евра.

Овој бизарен пазар се родил поради ветувањето за иднина со виртуелна реалност. Реј Курзвејл предвидел дека за само неколку години, физичките работни површини ќе бидат минато и ќе бидат заменети со виртуелни. До 2020-та година, се предвидува дека виртуелната реалност ќе направи приходи од околу 160 милијарди евра. Па, нормално ако постои имот што можете да го имате, дури и виртуелен, ќе сакате да го купите и да го продадете.

Компанијата за проектот Genesis City ја направила првата понуда во август минатата година. Компанијата им понудила на заинтересираните купувачи да ја разменуваат нивната MANA (криптовалута) за виртуелно земјиште. За само 30 секунди почетната понуда скокнала на 20 милиони евра и тоа благодарение на приватни инвеститори, ентузијасти и компании за виртуелна реалност.

Компанијата има амбициозен план да го прошири градот и да го претвори во виртуелна метропола. Здружението на сопственици на имот веќе дискутира да отвори и делови за забава посветени на коцкање.

Евентуално, корисниците ќе можат да одат во казино, да гледаат концерти, да посетуваат работилници и да одат на шопинг со пријателите преку Интернет пребарувач или сет за виртуелна реалност.

Навистина изгледа како добро организирана Sim City игра, но инвеститорите не сакаат да го нарекуваат проектот игра. Потенцијалните корисници го нарекуваат проектот платформа, нешто на коешто би можеле да градите и да бидете што сакате.

Исто така се менуваат и реални пари. Се разбира, сопствениците немаат никаква гаранција дека ќе им се врати инвестицијата. Покрај тоа, градот уште не е отворен на јавноста па тие не можат да го посетат својот имот.

Ова не ги спречило луѓето да трошат огромни суми пари. Во јануари една парцела чинела околу 2.000 евра, но само 2 месеци подоцна цената пораснала на 170.000 евра. Вредноста на имотот е одредена според недостаток и барање. Постои конечен број на парцели и секои неколку часа се прават продажби и размени.

Знаете ли кои се етичките проблеми поврзани со виртуелната реалност?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар