Луѓе кои добиле „супермоќи“ откако биле удрени од гром

Луѓе кои добиле „супермоќи“ откако биле удрени од гром

Луѓето се доминантните видови на оваа планета веќе илјадници години. Во целиот овој период сме имале само една примарна цел – да преживееме. Но, понекогаш природата може да биде нашиот најголем непријател. Се смета дека веројатноста да ве удри гром е 1:3.000, а кога ќе се соочите со него речиси е невозможно да преживеете. Но, ова не важи за луѓето на оваа листа. Сите тие преживеале, а некои од нив добиле и нови „супермоќи“.

1. „Тетоважа“

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

Овие линии се појавуваат на површината на изолирачки материјали. Ако човек биде удрен од гром, се појавуваат кај него и се трајни.

2. Тони Сикориа

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

Тони е ортопед кој една вечер бил удрен од гром. Но наместо да загине, тој добил нова способност. Од нигде почувствувал силна желба да свири пијано, нешто што никогаш не го правел. Денес тој држи професионални концерти низ Америка и компонира негови песни.

3. Рој Саливан

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

Кутриот Рој бил удрен од гром дури 7 пати и успеал да го преживее секој удар. Ова го направило легенда бидејќи речиси никој нема шанси да му се случи ова. Рој дури завршил и во Гинисовата книга на рекорди.

4. Адам Кембел

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

За време на еден маратон во Колорадо, на 11-ти јули 2014-та година, Адам бил удрен од гром додека се обидувал да победи. Тој изјавил дека громот го почувствувал како куршум покрај неговото уво. За повеќето луѓе ова би значело откажување од трката. Но, Адам продолжил да трча и 12 часа подоцна го освоил 3-тото место.

5. Едвин Е. Робинсон

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

Едвин Е. Робинсон, кој имал 62 години, го изгубил својот вид по една сообраќајна несреќа. Но, откако бил удрен од гром, Едвин повторно можел да гледа. Тој исто така тврдел дека значително се подобрил и неговиот слух.

6. Брајан Скинер

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

Фотографот Брајан се обидувал да фотографира грмотевици кога бил удрен од гром. Не претрпел сериозни повреди, но неговата дланка била црна, а вереничкиот прстен искривен. Исто така тврдел и дека имал искуство надвор од телото. За среќа не станувало збор за директен удар. Но, Брајан тврди дека неговите сетила се изостриле, како и дека добил натприродни способности.

7. Кендра Виануева

Луѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од гром

Кендра била бремена со нејзината ќерка Кимберли Гордон кога била удрена од гром. Веднаш била однесена во болница и била породена со царски рез. Девојчето било родено 2 недели порано. Иако преживеале и мајката и детето, останале неколку несакани ефекти од громот. Косата на Кимберли постојано расте нагоре, дури и цела година по ударот од громот. Покрај тоа девојчето развило невролошки проблем и не може да станува сама и има проблеми со варењето.

Прочитајте ги и овие неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар