Љубовен тест: Дали сте го нашле вашиот совршен пар?

Љубовен тест: Дали сте го нашле вашиот совршен пар?

Како се сложувате со љубената или љубениот? Дали ја градите вашата врска или пак, сте само две индивидуи кои моментално добро се забавуваат заедно? Дали имате заедничка иднина и ако да, каква ќе биде таа? Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за вашата врска, одговорете искрено на следниве прашања…

Љубовен тест: Дали сте го нашле вашиот совршен пар?

1. Заборавете на момент на вашата врска, помислете на себе и искрено одговорете која од овие реченици најдобро ве опишува:

а) Знам кој/а сум и што сакам од животот

б) Уште се развивам како личност и не сум многу сигурен/сигурна во себе

в) Кога станува збор за иднината, отворен/а сум за сите сугестии

2. Кога размислувате за карактерот, земете ги во предвид следниве особини: смисла за хумор, темперамент, склоност да преминете преку мааните… Дали вие и вашиот партнер, секој за себе, би кажале дека имате…

а) Повеќе од две особини

б) Две особини

в) Не повеќе од една особина

3. Намалена самодоверба, импулсивна природа, тенденциозно изговорени забелешки, склоност кон изливи бес… Дали вие и вашиот партнер имате:

а) Една од овие маани

б) Две заеднички маани

в) Повеќе од две заеднички маани

4. Кога станува збор за интелигенција, што би рекле за својот партнер:

а) Помалку интелигентен/интелигентна е од мене

б) На исто ниво сме

в) Попаметен/попаметна е од мене

5. Дали вашиот партнер и вие во јавност ги одавате тајните на другиот, како фактот дека тој ‘рчи или дека таа има потреба 3 дена да се подготви за излегување?

а) Никогаш

б) Повремено

в) Секогаш

6. Колку често разменувате лични настани со партнерот?

а) Скоро секогаш кога имаме можност за зборување

б) Одвреме-навреме со цел да се информираме за најновите настани

в) Никогаш

7. Сите парови се расправаат, но како вие ги решавате несогласувањата?

а) Кај нас секоја караница брзо поминува и на крај сè вртиме кон шега

б) Малку се караме додека еден од нас не го подвитка опашот и не се извини

в) Се игнорираме неколку дена додека не заборавиме дека сме се карале

8. Кога водите љубов, а тој/таа прави нешто што вам не ви се допаѓа…

а) Се обидувате полека да го/ја насочите кон нешто друго

б) Премолчувате и глумите дека сè е во ред

в) Кажувате сè јасно

9. Колку често седите дома и не правите ништо друго освен уживање во вашето присуство

а) Редовно

б) Повремено

в) Никогаш

10. Како ги поднесувате малите недостатоци на вашиот партнер, како на пример, прегласното зборување, смеењето или нешто сосема друго?

а) Се навикнувам со тек на време

б) Секогаш му/ѝ коментирам и му/ѝ давам до знаење да не го прави тоа

в) Со малку труд успевам да го/ја натерам да се промени

  • Резултати

    Најмногу одговори под А

    Вашата чувствителност, блискост и пред сè пријателство ви помагаат со тек на време како пар да станете уште поблиски. Во иднина лесно ќе ги решавате проблемите на кои ќе наидете. Покажувате знаци дека поседувате сè што е потребно за идеална врска, како взаемно почитување, толеранција и способнос да си бидете на прво место еден кај друг, кога навистина има потреба од тоа.

    Најмногу одговори под Б

    Изгледа и двајцата сте склони личните интереси да ги ставате над заедничките. Можеби тоа е поради начинот на кој се расправате и критикувате или пак, можеби едноставно се обидувате ад избегнете интимност. Вие сте секогаш добронамерни еден кон друг и вашата врска ќе функционира добро сè додека и двајцата го сакате тоа.

    Најмногу одговори под В

    Помеѓу вас постои голема страст, но кога станува збор за врската вие се наоѓате во еден вид топло-ладен однос. Секоја криза ја решавате на возбудлив и нов начин, но сепак вашата врска нема да може да успее доколку помеѓу вас не настане вистински партнерски однос.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар