Линијата на ангелот чувар на дланката ја имаат само ретките среќници: Ја имате ли вие?

Линијата на ангелот чувар на дланката ја имаат само ретките среќници: Ја имате ли вие?

Постои мислење дека личноста која на својата дланка поседува линија што е паралелна со линијата на животот е неверојатно среќна. Неволјите и несреќите секогаш ќе ја заобиколуваат, а среќата нема никогаш да ја напушти во текот на целиот нејзин живот.

linijata-na-angelot-chuvar-na-dlankata-ja-imaat-samo-retkite-srekjnici-ja-imate-li-vie-kafepauza.mk

Таквата линија на дланката е вистинска реткост. Се вика линија на ангелот чувар што значи дека личноста што ја има се наоѓа под посебна заштита на својот ангел чувар и големите сили. Поинаку се нарекува и линија на Марс, а некои ја нарекуваат и втора линија на животот.

Луѓето кои ја поседуваат оваа линија на дланката се исклучително среќни. Тие, за чудо, остануваат живи во катастрофи и несреќи, имаат одлично здравје, не доживуваат материјални потешкотии и лесно ги надминуваат препреките на животниот пат. Ако имате среќа да имате ваква линија на својата дланка, бидете им благодарни на Бога, на вашата судбина и на вашиот ангел чувар.

2-linijata-na-angelot-chuvar-na-dlankata-ja-imaat-samo-retkite-srekjnici-ja-imate-li-vie-kafepauza.mk

Варијанти на линијата ангел чувар на дланката

Паралелно со линијата на животот, по целата должина – Ова е одличен знак! Човекот со таков знак ќе биде заштитен од својот ангел чувар во текот на целиот свој живот.

Мала линија која поминува покрај линијата на животот (едвај видлива или испрекината) – Носителите на вакво обележје ги очекуваат животни проблеми и неволји, кои подоцна ќе ги заобиколат.

На десната рака – Покровителство на ангелот чувар, што претставува дар на човекот за неговите лични заслуги. Тоа може да биде заради сторено добро дело или тешко претрпени страдања.

На левата рака – Покровителство на ангелот чувар, што претставува дар на човекот кој го добил од моментот на неговото раѓање. Таквите појави често се пренесуваат од предците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар