Кучињата-терапевти се чудесни, но дали ја сакаат својата работа?

Во многу случаи, во процесот на лечење и закрепнување, значаен придонес даваат и миленичињата, а особено кучињата. Многу пати кучињата им помогнале на оние кои се болни од рак, кои страдаат од синдром на посттрауматски стрес или деменција. Во САД има над 50.000 тренирани кучиња-терапевти, а овој начин на закрепнување станува популарен и во Норвешка, Бразил и други држави во светот.

Кучињата-терапевти се чудесни, но дали ја сакаат својата работа?

Тие се наменски дресирани и тренирани, но и сертифицирани како кучиња-водичи кои доаѓаат во болниците или установите каде се згрижени болни лица и воспоставуваат контакт со нив. Бенефитите од ваквата терапија се големи за луѓето, но ретко кој се запрашал како се чувствуваат кучињата-терапевти во однос на својата работа.

Во новата студија за однесувањето на животните се разгледува и другата страна, односно како кучето-терапевт се чувствува кога посетува пациент и дали трпи работен стрес. Резултатите покажале дека кога се работи за болни деца, тогаш кучињата воопшто не покажуваат стресно однесување. Студијата е спроведена така што 26 кучиња посетувале стотици пациенти сместени во пет различни болници во САД. При секоја посета се мерело нивото на кортизол во плунката на кучињата, хормон кој се лачи при зголемен стрес. Нивоата на хормонот се зголемувале и при добри дразби и при лоши. Притоа е заклучено дека лачењето на кортизолот е исто и при возбуда поради играње дома и при посета на болен, што не дава јасна разлика за тоа како кучето се чувствува кога е „на работа“.

Кучињата-терапевти се чудесни, но дали ја сакаат својата работа?

Следното прашање е дали тие уживаат при ваква корисна работа? Забележани се одредени разлики во видливото манифестирање на расположението, односно кучињата биле посреќни кога се во друштво на деца, со кои си играат и воспоставуваат пријателство. Со правилен тренинг, кучето успева да биде добар придружник и на повозрасни болни лица, но и на стари лица кои живеат во дом. Исто така, посреќни се кога имаат директна интеракција со детето проследена со подавање топка, галење или трчање, отколку кога, на пример, го гледа отстрана, му се обраќа само гласовно или го црта.

Кучињата, слично како и луѓето, умеат помалку или повеќе да манифестираат и стресно и пријателско однесување. Како и при секоја работа, така и за терапијата со кучиња важно е правилно да се изберат и „вработените“ и корисниците на услугата. Ако сте сопственик на куче кое е среќно со вас и покажува сочувство кога не ви е добро, не значи дека истото може да го прави и со други луѓе. Затоа е потребно овие кучиња да бидат тренирани, а обука е потребна и за сопственикот.

Кучињата-терапевти се чудесни, но дали ја сакаат својата работа?

Она што е исто така важно, е што како и секој вработен, така и кучето треба да биде наградено за својата работа. При посетата на болен човек потребно е и на човекот да му е добро, но и на самото куче. Затоа треба да се внимава на однесувањето на кучето, за да може да се заклучи дали тие уживаат во работата или не.

Така, заклучокот од прашањето дали на кучињата им се допаѓа работата како терапевти е дека сè зависи од тренингот, но и од индивидуалната наклонетост кон болното лице.

Дознајте и кои се 5-те чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето не.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар