Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
Веќе имавме можност да прочитаме за одличниот проект на Чачо Пуебла наречен „Grandmother Tips“ кој привлече огромно внимание ширум светот, па поради тоа тој решил да состави и втор дел од интересните и незаборавни совети од неговата баба.

„Никогаш не купувајте го првиот продукт од Епл, почекајте да ги поправат грешките во следниот модел.“
„Отсекогаш сум сакал да го кажам ова: Се враќаме поради барањето на јавноста! Поради големиот успех ќе споделиме нови совети со вас. Но, овој пат сакам да биде многу поинтерактивно. Па ако имате некои совети од вашата баба, слободно споделете ги со нас на нашата фан-страна на Фејсбук,“ вели Чачо Пуебла.

„Запомни синко: вистинските пријатели никогаш не пишуваат среќен роденден на твојот ѕид.“

„Немојте да мислите дека сè што ќе напишете на вашиот блог може да се смета за литература.“

„Не грижете се за тоа колку пати ви ја виделе содржината, коментарите се многу, многу, многу поважни.“

„Оние кои имаат статус - комплицирано е, сакаат да кажат дека бараат нешто подобро.“

„Верувајте ми, следачи не значат пријатели. И обратно.“

„Запомнете дека луѓето кои имаат смајлиња за фотографија на профилот се воглавно грди.“

„Никогаш, никогаш не лајкнувајте си го својот статус. Тоа ве прави да изгледате очајни за внимание.“

„Не е важно што велат, вашите деца нема никогаш да ви бидат пријатели на ниедна социјална мрежа.“

„Девојките спијат со момци кои употребуваат Фотошоп, но се мажат со оние кои работат во Ексел.“

„Не мислете дека копчето Reload има моќ да го забрза времето.“

„Слушај синко: Tвитер - тоа се само Фејсбук статуси кои се обидуваат да звучат фенси.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.