Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Изградена со цел да се прикрие военото и финансиското слабеење на Отоманската империја, палатата Долмабахче е раскошен, монументален дворец полн со злато. Палатата била изградена за време на владеењето на султанот Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. Дворецот се наоѓа во европскиот дел на Истанбул во реонот Бешикташ.

Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Областа каде што денес се наоѓа палатата некогаш бил мал босфорски залив, а во 18 век полека почнал да се претвора во царска градина покрај Босфорот. Луѓето го нарекувале Долмабахче, dolma значи „исполнета, затворена“, а bahçe „градина“.

Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Султаните обожавале да престојуваат на ова место, па затоа во текот на 18 и 19 век тука биле изградени голем број вили и павилјони. Постепено, овој дел од градот прераснал во комплекс наречен Градина на Бешикташ. Но, сè било срушено по наредбата на султанот Абдул Меџит овде да се изгради нова султанска палата.

Дотогаш резиденцијата на султаните бил Топкапи-сарај, дворец изграден во средновековен стил, но Абдул Меџит верувал дека новата палата во европски стил ќе биде помодерна и полуксузна.

Сепак, хроничарите и историчарите сметаат дека вистинската причина за изградбата на палатата било слабеењето на Отоманската империја. Новата палата морала да биде раскошно украсена за да го импресионира светот. За да се доближи до Европа пак, морала да покаже на некој начин дека раскинува со долговековната османлиска традиција.

Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Луксузната палата е на два ката, со големина од 45.000 м2, со 285 соби, 44 сали и 6 амами. Декорирана е со елементи од различни стилови како барок, рококо, неокласицизам, како и детали од традиционалната отоманска уметност и култура. За позлата на таванот биле употребени 14 тони злато. Покрај тоа, палатата ја поседува и најголемата колекција на кристални лустери Bohemian и Baccarat во светот.

Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Од моментот кога палатата станала новиот административен центар на Османлиското Царство во 1856 година сè до укинување на Калифатот, во палатата Долмабахче живееле 6 султани. Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, ја користел палатата како летна резиденција. Тука ги поминал и последните денови. Така, кога починал на 10 ноември 1938 година во 9 часот и 5 минути, во негова чест биле запрени сите часовници во палатата.

Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

Откако прочитавте за историјата на палатата Долмабахче, можеби ќе сакате да прочитате и за 5 објекти кои се сведоштво за раскошот на византиската архитектура.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар