Кои се најдобрите градови за живеење во овој момент?

Истражувањето ги споредило трошоците и животните стандарди со квалитетот на животот во 56 светски градови врз основа на различни фактори, како што се безбедноста, здравствената нега, трошоците за живот, достапноста на становите, превозот од работа и загадување. Според добиените резултати, граѓаните на Цирих во Швајцарија имаат најдобар квалитет на живот во светот.

Погледнете ја листата од најдобрите 10 градови за живеење во светот и размислете дали можеби е време да направите промена во вашиот живот.

1. Цирих, Швајцарија

2. Велингтон, Нов Зеланд

3. Копенхаген, Данска

4. Единбург, Шкотска

5. Виена, Австрија

6. Хелсинки, Финска

7. Мелбурн, Австралија

8. Бостон, Америка

9. Сан Франциско, Америка

10. Сиднеј, Австралија

Додека поголемиот дел американските и австралиските градови што биле вклучени во ова истражување нуделе висок квалитет на живот, некои главни европски градови многу лошо поминале. Франкфурт, кој беше на врвот 5 години по ред, сега е паднат на 13-тото место, додека пак, Париз е на 36-тото место, а Лондон на 41-тото место.

Кога станува збор за животниот стандард, изгледа дека помалите градови имаат предност на поголемите. И Њујорк се наоѓа во втората половина на листата, на 31-то место, заедно со сите останати големи градови освен Токио. Најголемиот град на Нигерија, Лагос, е на дното на листата, а пред него се Пекинг и Манила.

Дознајте и кои се најевтините градови во светот каде што можете да бидете богати со малку пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар