Кога месечниот циклус доцни: Урнебесни мисли кои се вртат во главите на жените

Кога месечниот циклус доцни: Урнебесни мисли кои се вртат во главите на жените

Секоја жена многу добро знае колку напорен може да биде месечниот циклус. Природата секој месец ги потсетува на причината поради која тие биле создадени – да бидат мајки, без разлика дали имаат желба за деца или не. Токму затоа и тие од дното на душата ги презираат грчевите, болките, надуеноста и претераната чувствителност со која постојано се соочуваат. Но, што се случува во оние моменти кога циклусот ќе доцни? Сигурни сме дека ќе се пронајдете во некои од овие мисли и дека слатко ќе се изнасмеете…

Кога месечниот циклус доцни: Урнебесни мисли кои се вртат во главите на жените

До 15 години

  • Па, ова и не е толку лошо како што велат, изгледа нема ни да ми доаѓа секој месец.
  • Супер, не морам да фрлам пари на влошки и лекови против болки.
  • А и зошто би ми доаѓало секој месец кога и онака не планирам деца пред 25 години?

Од 15 до 20 години

  • Се надевам дека не сум направила беља, реков дека ќе внимавам.
  • Како да ја погледнам сега мајка ми во очи?
  • Тато ќе го убие, само ако го најде…

Од 20 до 25 години

  • Нема шанси да сум трудна, сигурно ми доцни поради стресот на факултет.
  • А што ако сепак сум? Баш сега ли мораше, кога најмногу треба да излегувам и лудувам?
  • Леле, па уште не сум ни дипломирала!

Од 25 до 30 години

  • Хм, што ако сум бремена? Тоа не ми се совпаѓа со мојот план за кариерата.
  • Дај Боже да сум бремена, толку долго време се обидуваме… Можеби конечно ќе ги замолчам сите што мислат дека не можам да родам.
  • Таман имам време да се вклопам во статистиката како најстара прворотка.

Од 30 до 35 години

  • Се надевам дека не сум пак бремена, таман ослабев и не сакам да изгледам пак како морж.
  • А што ако ми дошла рана менопауза? Читав дека некои жени дури и со 30 години влегуваат во климакс.
  • Се надевам дека сè е во ред и дека немам некоја циста или нешто полошо… Леле, мора одма да закажам на гинеколог.

Од 35 до 40 години

  • Нема шанси да сум бремена, сигурно досега ги имам потрошено сите достапни јајце клетки.
  • Ако сум бремена и сега родам бебе, луѓето ќе мислат дека сум му баба, а не мајка.
  • А таман помислив дека завршив со раѓањето деца…

Од 40 до 45 години

  • Изгледа е менопауза во прашање, баш би било убаво конечно да можам да имам секс без да се плашам да не останам бремена.
  • Совршено би се вклопила со трендот на холивудските ѕвезди кои првото бебе го раѓаат над 40 години. Уште да ги имав нивните пари и супер ќе беше.
  • Ако сега родам бебе, колку години ќе имам кога ќе биде средно?

Од 45 до 50 години

  • Се надевам дека конечно го одолжив мојот долг кон човештвото како жена.
  • Таман излегов од еден пубертет, сега ќе влезам во нов.
  • Можеби е само лажна тревога…

Над 50 години

  • Конечно сум слободна!
  • Или можеби не…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар