Кое количество од овие популарни видови храна, пијалаци и останати продукти можат да ве убијат?

Погледнете кое количество од познатите хранливи продукти и разни производи може да ве убие. Сите броеви се однесуваат на внесување наеднаш, и тоа кај просечен маж од околу 80 килограми.

Вода

(1)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

Секој има слушнато дека дневно треба да пиеме по 2 литри вода. Но, ако испиете 3 пати повеќе од тоа, вашите бубрези нема да бидат способни да преработат толку течност и да ја изнесат од вашиот систем. Резултатот на ова ќе биде труење од вода. Токму ова го демонстрирала Џенифер Стрејнџ која испила 7,5 литри вода на еден натпревар.

Кафе

(2)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

Се смета дека 15 грама кофеин е смртоносна доза. Тоа се отприлика 113 кафиња од 250 милилитри. Во овој случај нема да умрете од предозираност со кофеин, туку од труење – 113 чаши кафиња се речиси 30 литри вода.

Чоколадо

(3)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

Чоколадото содржи мало количество теобромин. Овој алкалоид го стимулира централниот нервен систем. Но ако изедете 900 грама чоколадо тоа може да ви предизвика гадење и дијареја, внатрешно крвавење, епилепсија, и на крај, смрт.

Алкохол

(4)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

За здрав маж смртоносната доза би биле 1,25 литри од пијалак со 40% алкохол. Но ова ќе се случи само ако алкохолот се испие во еден час без да се поврати.

Цигари

(5)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

Кога ќе земеме предвид дека секоја цигара содржи околу 0,8 милиграма никотин, потребни се 75 цигари за да убијат човек.

Марихуана

(6)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

Смртоносната доза марихуана е 680 килограми, но испушени во 15 минути. Или 21 килограм изедени наеднаш.

Семки од јаболко

(7)koe-kolichestvo-od-nekoi-prehranbeni-produkti-mozhe-da-ve-ubie-kafepauza.mk

Нема да ви биде ништо ако изедете 18 јаболка. Но ако ги изедете семките на 18 јаболка, а притоа добро ги изџвакате, постои можност да умрете од труење бидејќи тие содржат цијанид.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар