Кажете ни што најпрво забележувате на оваа слика и ние ќе ви откриеме што луѓето презираат кај вашата личност

Кога немате време за преиспитување на себеси, секогаш можете да се свртите кон брзите тестови на личноста. Ова е еден од таквите – доволно е да ја погледнете сликата и она што прво ќе го забележите ќе ви открие во што лежи вашата најголема сила и што е тоа заради кое луѓето ве сакаат, но и зошто понекогаш ве избегнуваат.

Кажете ни што најпрво забележувате на оваа слика и ние ќе ви откриеме што луѓето презираат кај вашата личност

Лице на човек

Ако сте ја погледнале сликата и прво сте забележале лице на човек, вашата најголема сила е способноста да бидете објективни, дури и во тешките ситуации. Во моментите кога поголемиот дел од луѓето психички би паднале и би ронеле солзи, вие стоички ги поднесувате „ударите“ на животот и умеете да направите план за излез од кризата. Заради тоа многу луѓе ве бараат токму вас во тешките времиња, едноставно тие сметаат дека вие сте силата која може да им помогне. Секако, не сте ниту вие совршени. Вашата најголема слабост е тоа што не умеете да ги искажувате своите емоции. Често ве следи репутацијата „леден/а крал/ица“, иако сте преполни со чувства. Но, тие никогаш не се на површината. Морате да научите да им покажувате на другите дека ви е грижа.

Маса

Ако прво сте забележале маса, тогаш вашата најголема способност е тоа што умеете да ги слушате и разбирате другите. Вие сте одлични во комуникацијата, па дури и кога не можете да помогнете, луѓето сакаат да ви се отворат и да ви ги откријат своите тајни. Можеби не сте психотерапевт, но поголемиот дел од луѓето така ве доживуваат. И додека комуникацијата за вас е како добар ден, акцијата не ви оди од рака. Вие едноставно се плашите конкретно да делувате и да донесувате важни одлуки. Морате да научите да ја слушате сопствената интуиција и да верувате во себе. Време е да тргнете во акција и да започнете самостојно да размислувате за вашите идни чекори.

Жена

Ако на прв поглед сте виделе жена која седи на стол тогаш вашата најголема сила е вашиот интелект. Вие сте природно интелигентни и сакате да ја искористите секоја прилика за да научите нови информации и факти. Сепак, ова не значи дека сте „бубалица“ или дека знаете сѐ за сенешто. Вие сакате да го изучувате она што лично ве интересира и да станете експерт во тоа. Сепак, колку што умеете да бидете паметни, толку умеете да бидете неинформирани кога станува збор за работите кои не ве интересираат. Тоа ви создава многу проблеми во работата, но и во секојдневните односи со луѓето. Често не ги слушате другите и пропуштате да слушнете важни детали за нивните животи.

Фотелја

Ако најпрво сте ја забележале фотелјата, вашата најголема сила е вашата уникатна перспектива на животот. Понекогаш вие сте оние кои го решаваат проблемот, а понекогаш оние кои ги смеат другите и им даваат енергија кога ќе спласнат. Ви оди од рака да промените нечиј став и познати сте како некој кој внесува светлина во животот на другите. Она што е ваша најголема слабост е неспособноста да останете фокусирани на долгорочните цели. Имате одлични идеи, но брзо го губите интересот и ништо не реализирате до крај.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар