Каков вид луѓе мразите? Одговорот на ова прашање кажува многу за вашата интелигенција

Каков вид луѓе мразите? Одговорот на ова прашање кажува многу за вашата интелигенција

Изгледа изборот на луѓето што ги мразите може многу да каже за вашата интелигенција. Размислете, дали чувствувате предрасуди кон одредени личности или пак, групи? Внимавајте, одговорот може многу да каже за вашата интелигенција.

Каков вид луѓе мразите? Одговорот на ова прашање кажува многу за вашата интелигенција

Според една нова студија спроведена од Универзитетот Тилбург, и објавена во списанието Социјална психологија и наука за личноста, откриваме дека предрасудите имаат голема поврзаност со нашата општа интелигенција. Ова на некој начин ја потврдува теоријата дека е во човечката природа да се мразат луѓето што се различни од нас, особено оние кои не изгледаат или размислуваат на истиот начин.

За оваа студија, истражувачите Марк Бренд и Џаред Крафорд испитувале 5.914 испитаници. Тие најпрво им задале тест за интелигенција, а потоа им била поставена серија прашања кои биле дел од 2 други теста.

Првото прашање било: „Кои луѓе се мета на предрасуди?“, а второто: „Кој покажува меѓу групна пристрасност?“

Истражувачите откриле дека личностите со релативно високо и ниско ниво на когнитивни способности покажувале исто ниво меѓу групна пристрасност, но кон различни видови групи. На кратко, студијата открила дека луѓето што имаат пониски когнитивни способности имаат тенденција да развиваат предрасуди кон неконвенционалните или либералните групи, како и кај оние кои немаат избор во нивниот статус, како луѓето што се дефинирани од својата раса, пол или сексуална ориентација. Од друга страна пак, индивидуите со повисока интелигенција имале повеќе предрасуди кон групите што се сметаат за конвенционални, како и оние што се поконзервативни.

„Луѓето ги мразат оние кои се поразлични од нив“, велат истражувачите. „Дерогацијата на луѓето со различни погледи кон светот може да им помогне да ја задржат валидноста на својот поглед кон светот.“

Па, изгледа и паметните и глупавите луѓе се преполни со предрасуди. Единствената разлика помеѓу нив е личноста или групата кон која ќе ја насочат својата омраза.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар