Каков тип личност си според Дизни?

Веднаш да отстраниме еден сомнеж, принцезите се супер. Ги сакаме додека се убави. Ги сакаме додека ненаспани се вртат на зрно грашок. Ги сакаме кога бакнуваат жаби, а богами ги сакаме и нивните згодни принцови. Кога го рековме сето тоа, ни изгледа дека принцезите на Дизни многу повеќе би страдале во модерниот свет отколку во своите кралства. Замислете ја ненаспаната принцеза како брза на работа, како некој ѝ дише во врат во автобус преполн со средношколци и замислете ја, на пример, кутрата принцеза на која шефот ѝ вика затоа што згрешила нешто на работа. Која нормална принцеза би го издржала сето тоа?

0-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mk

Пред брзо да заминеш на Pickbox и да гледаш каков лежерен живот имале принцезите на „Дизни“, погледни со кој тип принцеза на „Дизни“ најмногу се поклопува твојата модерна личност.

Снежана

Најдобриот ден за тебе е оној во кој успешно си сликала барем 20 селфи фотографии и за секоја од нив си добила најмалку 100 лајкови? Честитки, ти не си принцезата, туку вештерката што ја мрази принцезата. А ако си убава и не си свесна за својата убавина, и си толку наивна што од кого било на улица би зела јаболко и би го изела, имаш многу пријатели што ќе те заштитат ама и доволно непријатели за еднаш дневно да те турнат во очај, ти веројатно си модерната Снежана. Не земај јаболки од други луѓе, аман!

Алиса

Нема на глас да кажеме дека се дрогираш, но да речеме дека авантурите во „Земјата на чудата“ не ти се непознати. Дури знае да се случи и да имаш халуцинации дека си се смалила, си поминала низ зајачка дупка и си завршила на луда забава со многу откачени луѓе. Инаку си мила девојка, секогаш убаво облечена и уредно исчешлана, имаш културни родители и се гордееш со своите префинети манири. Ова со опијатите е само рекреација, но не би штетело малку да се прибереш.

5-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mk

Есмералда

Сакаш да го минуваш времето по патишта, да пееш и да свириш со улични свирачи, а во животот да им помагаш на несреќни луѓе кои животот не ги галел. Ти си лежерна, мила, а кога е потребно, и кога тоа животот од тебе го бара, многу си храбра. Никогаш не би ги предала своите идеали и имаш храброст да им се спротивставиш и на најмоќните луѓе. Честитаме, девојко, со уличната интелигенција и со големото срце ти си олицетворение на Дизниевата Есмералда од „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ и единствена си што би се снашла сама во белиот свет. Што ќе ти е принц кога се имаш самата себе и пријатели кои те носат на грпката?

Покахонтас

Најубавиот можен ден за тебе е оној во кој можеш да трчаш по ливади, да го впиваш сонцето, да скокаш во реки и мориња (на глава, секако), а најлошиот е кога некој ти наредува и ти кажува што да правиш. Иако си пораснала во мала средина, сепак си многу слободоумна и не познаваш граници. Ако се заљубиш во висок, русокос странец (да ти кажеме веднаш дека тој веројатно е Скандинавец), прифати ја романсата и избегај со него на крајот од светот. Па ти си Покахонтас, а Покахонтас го слуша своето срце. Знае да се снајде во светот, но животот понекогаш ја крши твојата храброст. Никако немој да одбираш работа во корпорација.

3-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mk

Храбрата Мерида

Ти си девојка што секогаш ја задушувале семејната традиција, општествените клишеа и светот во кој младите жени се слаби и имаат потреба од внимание. Не си груба жена, но знаеш да го подигнеш гласот, да влезеш во неволи и да се искараш кога е потребно. Иако си една од оние што би се истепале со момчињата на училиште, всушност си симпатична, со добро срце и никогаш никому не би му наштетила за џабе. Да, мила, ти си Храбрата Мерида. Па, уште и ако имаш виткана портокалова коса, не треба да бараме понатаму. Паметно одбери ги своите битки.

Пепелашка

Дома те тераат постојано нешто да чистиш и да раскреваш и имаш сестри кои те малтретираат на дневна основа и манијакално се љубоморни на твојата аристократска убавина. Деновите ги минуваш како добра мала домаќинка, а навечер се искрадуваш и одиш на забави и таму го бараш вистинскиот. Ти си модерната Пепелашка која ја немаат скршено проблемите во животот. А и мило ни е што си свесна дека забавите се најдобриот начин да се заборави горчливото секојдневие. Ослободи се, напиј се пијачка и возврати му на намигнувањето на она згодно момче. Не е принц, ама…

6-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mk

Принцезата и жабата

Ти имаш претприемачки дух и сонуваш да отвориш сопствен бизнис, и ништо нема да те спречи во тоа. Цел живот работиш многу, си поминала низ сѐ и сешто, но сепак, ништо не успеало да ја скрши твојата амбиција. Иако понекогаш мислиш дека би било најдобро патиштата да ти се вкрстат со некаков богаташ кој ќе те обезбеди за цел живот, јасно ти е дека во животот ништо не се добива тукутака. Ќе ти кажеме само една работа, Тијана, ако случајно сретнеш жаба со лице што необично потсетува на човечко, немој да се двоумиш, бакни ја. Ако не се претвори во принц, барем ќе имаш интересна приказна за внуците.

Проверете и која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?
САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар