Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари? - Part 2

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

6. Парчињата што се на распродажба се поблиску до соблекувалните

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

Многу продавници ги поставуваат парчињата што се на распродажба и пред влезот и на крајот од продавницата. На почетокот, ќе привлечат заинтересирани купувачи, кои потоа ќе ги разгледаат парчињата напред и ќе се упатат кон соблекувалната. Пред неа ќе најдат и други парчиња на распродажба. Поради попустите, најверојатно ќе земат уште нешто и од таму.

7. Облеката е направена малку вон сезона

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

Сте забележале ли колку брзо продавниците за облека ги менуваат нивните колекции? Тие додаваат нови парчиња што се „сегашен“ тренд речиси секоја недела. Материјалот што го користат е евтин и веројатно парчето нема да трае долго. Овој трик прави муштериите да се чувствуваат како да не ги следат модните трендови. Ова чувство може да биде непријатно и ги тера луѓето да бараат нова облека и додатоци секоја недела.

8. Користат мирис и музика за подобрување на расположението

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

Дали некогаш сте се запрашале зошто во продавниците за облека се чувствувате добро? Во нив има светли бои, цветен мирис и музика која ве потсетува на добри сеќавања и ве охрабрува. Користењето на правилната арома ја создава совршената атмосфера за купувачот и го тера да се чувствува „поврзано“ со брендот. Истражувањата покажале дека вистинската музика може да ги натера потрошувачите да останат подолго во продавницата.

9. Создаваат сјаен и впечатлив излог

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

Повеќето продавници на излогот ставаат мал дел од нивните парчиња зад светкав прозорец. Светлите бои, добриот дизајн и светлото прават продавницата да изгледа луксузно. Бидејќи не можете да видите ништо преку излогот, кој пак ви изгледа примамливо, ќе сакате и да влезете во продавницата.

10. Дизајн во форма на прегратка

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

Луѓето ги привлекуваат кружни форми, па продавниците се секогаш подготвени да ве „прегрнат“. Продавниците се дизајнирани да изгледаат кружно и со позадина во форма на буквата U, а знаците низ продавницата се со кружна форма. Ова потсвесно ги потсетува луѓето на личност која ги отвора рацете за да им даде прегратка и ги кани во нивниот простор.

Погледнете ги и правилата кои ќе ви помогнат кога купувате облека на попуст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар