ТВ серија: Ловец на демони (Diablero)

ТВ серија: Ловец на демони (Diablero)

Свештеник и ловец на демони се здружуваат за да се борат против злото

Главни улоги: Кристофер Вон Укерман, Хорасио Гарсија Рохас, Такахиро Мурокава, Касандра Итуралде

Жанр: хорор

Премиера: 21 декември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: шпански

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 1,00 од 10)
Loading...

 

Дејството на оваа ТВ серија се одвива во Мексико сити, а приказната започнува со нападот на една млада мајка Луна (Алекса Мартин) и киднапирањето на нејзината ќерка Маријана (Касандра Итуралде) од страна на еден демон. Овој настан ќе нè одведе кон запознавањето на Елвис Инфанте (Кристофер Вон Укерман), кој заработува за живот како ловец на демони. Тој вели дека долго време имало баланс помеѓу луѓето, ангелите и демоните, но дека полека демоните почнуваат да преовладуваат, а неговата работа е да ги пронаоѓа. Но, тој не ги убива, туку ги заробува и му ги предава на Сонг (Такахиро Мурокава), кој пак му дава пари за нив.

Во меѓувреме го запознаваме и свештеникот Рамиро Вентура (Хорасио Гарсија Рохас), кој добива повик од Луна – мајката која едвај ја преживеала борбата со демонот, и сега е на смртна постела. Тој веднаш ќе отиде кај неа, и моменти пред да почине, Луна ќе му признае дека Маријана е негова ќерка и дека тој мора да ја најде. Една од сестрите, Кета (Фатима Молина) ќе му каже дека полицијата нема да помогне и дека тој би требало да стапи во контакт со нејзиниот брат Елвис, кој е ловец на демони.

И покрај тоа што оваа ТВ серија е хорор, и изобилува со страшни сцени, многу крв и вознемирувачки настани, сепак има доволно смисла за хумор за да не биде премногу темна. Па, ако баравте хорор со одредена доза хумор, што истовремено има и добро разработена и длабока приказна, тогаш ви ја препорачуваме токму оваа! Со оглед на тоа што е на Нетфликс, веќе сите епизоди ви се достапни па можете да уживате во целата сезона уште викендов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар