Како полната месечина влијае на нашата потсвест?

Живееме во универзум каде што сè е поврзано. Природата што нè опкружува има силна конекција со нас, луѓето. Покрај фактот дека природата е нашиот извор на храна, начинот на кој таа се однесува има големо влијание на нашите телесни функции. На пример, кога наутро ќе отидете на прошетка се чувствувате подобро, зарем не? Ова е бидејќи ултравиолетовите зраци на сонцето го стимулираат протокот на хормони во нашето тело. Но не сите ефекти од природата се позитивни. Бројни истражувања биле спроведувани за да се утврди влијанието на месечина врз луѓето. Во секое од нив било откриено дека месечината има различни влијанија на човекот.

kako-polnata-mesechina-vlijae-na-nashata-potsvest-kafepauza.mk

Месечината и нашата потсвест

Нашата потсвест е врата кон збир од сеќавања, слики и други форми на впечатоци кои сме ги собрале во текот на годините. Исто така генерира висока фреквенција која е релативно повисока од онаа на месечината.

Медитирањето на полна месечина може да ни помогне на многу многу начини. Познато е дека античките јога учители и тибетските свештеници медитирале на полна месечина и можеле да ги истражуваат моќите на потсвеста. Обично потребно е многу енергија, медитација и концентрација за да се истражи или да се лекува потсвеста, но полната месечина има многу силна енергија.

Во повеќе истражувања се покажало дека фреквенциите емитувани од месечината имаат ефект на фреквенциите на мислите во нашата потсвест. Тие го тераат потсвесното да исплива на површина со сите сеќавања во него – потребни и непотребни; позитивни и негативни.

Месечината и нашите физички тела

Некои истражувања покажале дека месечината влијае и на нашето спиење. Овој доказ се базира на истражување што вклучувало 33 возрасни доброволци на различна возраст. Тие биле набљудувани додека спиеле неколку ноќи, во лабораторија за спиење.

Истражувачите ја набљудувале и проучувале мозочната активност, движењето на очите и нивото на хормоните кај доброволците. Откриле дека за време на ноќите поблизу до месечевите денови, на волонтерите им биле потребни околу 5 минути повеќе да заспијат, а нивното спиење било пократко за 20 минути. Нивното ниво на мелатонин (хормон за регулација на сонот) се намалило во однос на другите ноќи. Оваа информација укажува дека кога има полна месечина, луѓето се посклони кон несоница поради вишокот енергија.

Знаејќи го влијанието на месечината, можеме да го искористиме во наша корист наместо да дозволиме да има негативно влијание на нас. Во ноќите кога има полна месечина, нашата потсвест излегува на површина и можеме да го искористиме овој период за да го исчистиме нашиот преактивен ум. Треба секогаш да работиме на свое подобрување.

Можеби ќе ве интересираат и овие 5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар