Како навистина изгледале историските личности?

Како навистина изгледале историските личности?

Сте се прашувале ли некогаш дали историските личности портретирани од актери биле слични со нивниот еквивалент од реалноста? Понекогаш дури и најмалите детали можат комплетно да ја сменат важноста на историската фигура и нивната улога во историјата, на тој начин претворајќи ги во сосема друга личност.
Понекогаш режисерите имаат проблеми со историската веродостојност на изгледот или личноста на некои историски фигури. Како и да е, актерскиот талент на тие кои ги играат историските карактери и професионализмот на целиот тим од филмот можат да направат навистина успешен проект.


Ксеркс I во „300“

Како навистина изгледале историските личности?

Историскиот портрет на персискиот крал Ксеркс I е прилично двосмислен. Некои историчари тврдат дека тој бил тесноград и слаб, а сепак арогантен и претенциозен владетел, додека други го сметаат за мудар и искусен воин. Се чини дека во филмот се обиделе да ги комбинираат двата портрети на Ксерскс.

Александар III Македонски во „Александар“

Како навистина изгледале историските личности?

Критичарите забележале неколку историски недоследности во овој филм. Уште повеќе, појавата на Александар, портретиран од Колин Фарел е прилично различна од оригиналниот Александар.

Младиот Салвадор Дали во „Мали пепели“

Како навистина изгледале историските личности?

Иако Патинсон не изгледа ни приближно на младиот Дали од реалноста, актерот дал сè од себе за да креира одлична слика за големиот ексцентрик и гениј.

Кралот Леонид I во „300“

Како навистина изгледале историските личности?

Историчарите велат дека кралот на Спарта, Леонид I, не направил ништо значајно во неговото десетгодишно владеење, но умрел херојски во битката кај Термопилае. Па, ако режисерот сакал да направи историски поверодостоен филм, кралот Леонид не требало да биде портретиран како толку храбар лик.

Императорот Комодус во „Гладијатор“

Како навистина изгледале историските личности?Хоакин Феникс не изгледа како прототипот на историската личност. Како додаток на ова, филмот сугерира на неколку неправилности во контекст на биографијата на римскиот император. Вистинскиот Комодус владеел со Рим тринаесет години, додека во филмот неефективно владее само две. Уште повеќе, императорот Комодус учествувал во гладијаторски борби, но секогаш без опасност по неговиот живот.

Продолжете на следната страница за останатите историски личности на оваа листа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар