Како изгледа срцебиењето на маж додека ја запросува својата девојка?

Како изгледа срцебиењето на маж додека ја запросува својата девојка?

Запросувањето е прекрасен момент, но истовремено и неверојатно напнат за мажите. Сепак станува збор за момент кој и двајцата ќе го паметите до крајот на вашиот живот… Доколку таа каже „да“, секако. Токму затоа воопшто не изненадува фактот што кај некои мажи срцето чука толку силно што го чувствуваат како удира во нивните гради и им предизвикува да треперат пред овој голем момент.

(0) Како изгледа срцебиењето на маж додека ја запросува својата девојка?

Но, колку брзо чука срцето на еден маж за време на запросувањето? И дали тоа е најнервозниот момент со кој тие се соочуваат во целиот свој живот?

За да добие одговор на овие прашања, корисникот на Редит, „sesipikai“, одлучил да се поврзе со направа за набљудување на срцето и да го снима своето срцебиење за време на запросувањето. Графикот кој тој го направил е навистина забавен за набљудување, но веб-сајтот „GOOD“ решиле да го претворат во интересно видео кое посликовито ни покажува што точно се случувало со неговото срце во текот на целиот процес.

(1) Како изгледа срцебиењето на маж додека ја запросува својата девојка?

Во оваа визуелизација на податоците, ние имаме можност да следиме 40 минути од неговото срцебиење, скратени во 90 секунди, додека тој се подготвува за запросувањето. Неговиот најнервозен момент е всушност моментот кога го поставил прашањето, каде што неговото срцебиење е 127 удари во минута.

(2) Како изгледа срцебиењето на маж додека ја запросува својата девојка?

Погледнете го целото видео со цел да видите како неговото срце реагирало во овие 40 минути додека тој се подготвувал за големиот настан, го поставувал прашањето, добил потврден одговор и потоа се смирил…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар