Како да изгубите неколку килограми за краток временски период?

Не е потребно да држите строги диети и да вежбате напорно со цел да ја доведете вашата фигура до совршенство. Истражувачите од Националниот институт за здравје во Америка спровеле истражување со цел да откријат како влијаат различните навики на исхрана врз исхраната и добиле многу неочекувани резултати.

Како да изгубите неколку килограми за краток временски период?

За време на ова истражување, тие испитувале 21 личност со прекумерна тежина на возраст од 18 и 40 години, кои најпрво изгубиле од 10 до 15% од својата тежина – во просек околу 14 килограми, а потоа откако нивната тежина се стабилизирала, секој од испитаниците почнал да следи една од следниве 3 понудени диети во период од 4 недели:

  1. Диета со намалено внесување маснотии, односно 20% калории од масти.
  2. Диета со намалено внесување јаглехидрати, околу 10% од исхраната ги содржеле овие намирници.
  3. Диета со понизок гликемиски индекс, диета која вклучува големо внесување здрави масти и интегрални житарки.

Според резултатите, исхраната со намалено внесување јаглехидрати била најефикасна. Во текот на сите 3 диети, испитаниците јаделе иста количина калории, па токму затоа и овие резултати биле неочекувани. Групата која консумирала помали количини јаглехидрати трошела дополнителни 300 калории дневно во однос на оние испитаници кои внесувале помалку маснотии. Дури и оние кои јаделе храна со низок гликемски индекс изгубиле дополнителни 150 калории повеќе од оние кои биле на диетата без маснотии.

Едно од можните објаснувања е фактот што овие две видови диети не предизвикуваат огромен раст на шеќерот во крвта и дека намалените јаглехидрати влијаат вашиот метаболизам да работи подобро и побрзо. Доколку сакате и вашето тело да има помалку маснотии, а повеќе мускулна маса, тогаш најдобриот начин да го постигнете тоа е доколку го намалите консумирањето јаглехидрати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар