Како целосно да уживате во магијата на Париз доколку сте со ограничен буџет

Како целосно да уживате во магијата на Париз доколку сте со ограничен буџет

Париз е еден од омилените градови на многу туристи. Благодарение на прекрасните улици, неверојатната архитектура, музиката, вкусната храна и модата, сигурни сме дека за секого Париз е една од најпосакуваните дестинации кога станува збор за патување. Но, Париз е и град кој за кратко време може да го испразни вашиот џеб. Сепак, постојат начини како да уживате во градот на светлината, а тоа да не се одрази премногу врз вашите финансии. Во продолжение, прочитајте како можете да престојувате во Париз со ограничен буџет.

Како целосно да уживате во магијата на Париз доколку сте со ограничен буџет

Бесплатно посетете го Лувр

Влезот во познатиот музеј Лувр е бесплатен секоја прва недела во месецот (од октомври до март). Влезот е бесплатен и во петок навечер за сите помлади од 26 години. За да ги избегнете големите редици, можете да влезете преку Carrousel du Louvre и директно да дојдете до шалтерот со билети. Можете исто така да ги прескокнете редиците доколку имате пропусница за париските музеи – Paris pass.

Купете пропусница за музеј

Има толку многу музеи во Париз кои вредат да се посетат, а пропусницата за музеј дефинитивно ќе ви помогне да заштедите. Оваа пропусница нуди бесплатен или намален влез за повеќе од 60 музеи низ градот, а ќе ви овозможи и да ги прескокнете долгите редици! Цената на пропусницата е 52 евра за два дена, 66 евра за четири дена и 78 евра за шест дена. Дефинитивно ќе ви се исплати ако планирате да посетите најмалку три музеи.

Бесплатни музеи во првата недела од месецот!

Помеѓу октомври и март, првата недела од месецот влезот е бесплатен во повеќето музеи во Париз. Во останатите месеци, влезот е бесплатен за оние под 26 години. Еве дел од музеите што бесплатно можете да ги посетите во првата недела од месецот:

  • Национален музеј на модерна уметност – Центар Помпиду
  • Национален музеј на Еужен Делакроа
  • Национален музеј на Пикасо
  • Музеј Орсе
  • Национален музеј Густав Моро
  • Национален музеј Жан-Жак Енер

Патувајте со јавен превоз од аеродромот Шарл де Гол

Опција RER B (воз)

Оваа опција чини 10,30 евра и трае 25-50 минути (во зависност од вашата дестинација). Откако ќе влезете во градот, можете да земете метро за да стигнете до вашата крајна дестинација.

Опција RoissyBus (автобус)

Опцијата со автобус чини 10 евра по лице и трае 45-60 минути.

Возете се со автобус/метро наместо со такси

Еден билет за автобус или метро чини 1,90 евра. Можете да купите пакет од 10 билети за 14 евра и да заштедите неколку евра.

Престој во хостели

Хостелите нудат добро сместување за оние со ограничен буџет, особено затоа што повеќето хотели во Париз се прескапи. Собите во студентските домови во Париз се движат од 20 евра за ноќ, а приватните соби во хостелите околу 50 евра.

Откако прочитавте како максимално да уживате во Париз со ограничен буџет, ви препорачуваме да прочитате и како да патувате низ Европа со ограничен буџет.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар