Каде оди салото кога слабееме? Одговорот ќе ве изненади!

Каде оди салото кога слабееме? Одговорот ќе ве изненади!

Научници од Австралија спровеле истражување со цел да откријат каде одат салото и масните наслаги кога слабееме. Во нивното истражување учествувале и 150 професионалци кои имале свои теории за ова прашање. Повеќето од нив дале погрешен одговор.

Каде оди салото кога слабееме?

Со прославувањето на трендот за здрав живот, сè повеќе луѓе се фокусираат на горење калории и вежбање. Но дали некогаш сте се запрашале како всушност салото исчезнува од вашето тело?

Како дел од истражувањето, научниците им поставиле прашање на професионалците: Кога некој слабее, каде оди салото? Од 150-те доктори, нутриционисти и лични тренери кои биле интервјуирани, само тројца дале точен одговор.

Асистентот Рубен Мирмен и Ендру Браун кој е професор по биотехнологија, ги објасниле резултатите од истражувањето кои ќе ве изненадат.

„Најчестата заблуда за салото беше дека се претвора во енергија. Проблемот со оваа теорија е што го крши законот на зачувување материја кој мора да го следат сите хемиски реакции.“

Дел од професионалците верувале дека салото се претвора во мускули, нешто за коешто научниците сметаат дека е невозможно. Друга теорија била дека салото излегува од телото преку дебелото црево. И оваа теорија е побиена од научниците. Па, кој е точниот одговор?

„Салото се претвора во јаглероден диоксид и вода. Го издишувате јаглеродниот диоксид, а водата се меша во циркулацијата и излегува преку урината или потта. Ако изгубите 10 килограми сало, 8,4 килограми излегува од белите дробови, а останатите 1,6 килограми се претвораат во вода. Со други зборови, речиси целата тежина што ја губиме ја издишуваме.“

Иако ова откритие е изненадувачко за многумина, научниците додале дека речиси сè што јадеме излегува преку белите дробови.

„Сите јаглехидрати што ќе го внесете и речиси сите масти се претвораат во јаглероден диоксид и вода.“

Истото важи за алкохолот и протеините, освен мал дел од протеините кои се исфрлаат преку урината. Научниците истакнале дека единствената храна која пристигнува до дебелото црево необработена се хранливите влакна. Останатото се апсорбира во крвотокот и органите.

На кратко, салото не оди никаде додека не го издишете.

Знаевте ли дека наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Prekinete so gluposti pisuvanje.. ODMA

Остави коментар