Каде навистина живее Дедо Мраз?

Каде навистина живее Дедо Мраз?

Феноменот наречен „Дедо Мраз“ е еден од ретките што преживеал со векови и го зафатил целиот свет. Згора на тоа, од година во година, овој феномен, поточно неговиот главен лик, добриот дедо со бела брада, се здобива со популарност и во најдалечните краишта од Земјината топка.

Каде навистина живее Дедо Мраз?

Името и изгледот на овој дедо варира од култура до култура, но се верува дека денешниот поим „Дедо Мраз“ се должи на претхристијанските верувања на германските и словенечките народи, кои, со покрстувањето го поврзуваат овој феномен со христијанскиот светец Свети Никола.

Приказната вели дека тој бил голем добротвор кој го раздал на сиромашните целото свое богатство и имот, а тој, предводен од својот чудесен глас, тргнал да ја шири верата, правдата и милоста меѓу луѓето. Може да се каже дека Свети Никола е далечниот предок на денешниот Дедо Мраз. Првите записи на овој светец, епископ и благонаклоник со потекло од Мала Азија, датираат од IV век од нашата ера.

Свети Никола, кој бил облечен во црвена мантија, им делел облека, храна и пари на децата, сиромашните и болните. Иако потекнувал од денешна Турција, холандската приказна го поврзува со Шпанија од каде дошол со брод до нивните брегови и домови.

Свети Никола делел подароци на неговиот ден (празникот Свети Никола), но со време дарувањето се приближило до Нова година.

Повеќе народи го присвојуваат, но тој „живее“ во Лапонија

Каде навистина живее Дедо Мраз?

Постојат многу приказни и легенди за Дедо Мраз. Секоја нордиска земја тврди дека Дедо Мраз е нејзин „жител“.

Норвежаните се убедени дека Дедо Мраз „живее“ во Дробак. Во Данска се вели дека Дедо Мраз живее на Гренланд. Во Русија, официјалниот дом на Дедо Мраз е во Велики Устјуг. Канадската пошта, сепак, тврди дека адресата на Дедо Мраз е во нејзина надлежност, во куќата чиј поштенски код е {H0H 0H0}. Американците отишле најдалеку и нарекле еден од нивните градови на Алјаска со официјално име Северен Пол, потврдувајќи го „познатиот“ факт дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол. Во градот има и туристичка атракција наречена „Куќата на Дедо Мраз“. САД го користи поштенскиот код 99705 како единствен поштенски код за местото каде „живее“ Дедо Мраз.

Сепак, најприфатената теорија на глобално ниво е дека тој „живее“ во Лапонија, провинција во северна Финска.

Можеби сакате да дознаете и колку пари му се потребни на Дедо Мраз за неговата работилница?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар