Јапонски метод според крвни групи: Дали ќе имате деца со вашиот партнер и како ќе се согласувате?

Јапонски метод според крвни групи: Дали ќе имате деца со вашиот партнер и како ќе се согласувате?

Како што постојат компатибилни крвни групи за трансфузија, така и некои љубовни комбинации според крвната група се подобри или полоши во односите. Според едно јапонско учење, секоја крвна група има свој карактер и не сите се компатибилни кога станува збор за љубов.

Јапонски метод според крвни групи: Дали ќе имате деца со вашиот партнер и како ќе се согласувате?

Јапонците, водени од научникот Фурукава Такеј, во 30-тите години почнале да развиваат теорија за поврзаноста на крвните групи и карактерот. Токму затоа, денес во Јапонија скоро сите ја знаат својата крвна група, а некои фирми одат и до тој степен што ги распределуваат работниците на позиции кои им одговараат на нивната крвна група.

Кои крвни групи се согласуваат, а кои не?

Постојат многу научни докази кои ни покажуваат како одредени крвни групи полесно доаѓаат до зачеток, а наводно постојат и комбинации кои подобро функционираат во заедничкиот живот.

Според оваа јапонска теорија, луѓето со крвната група А најдобро се сложуваат со оние кои имаат крвна група А и АБ, оние со крвна група Б со оние од групата Б и АБ, оние со крвна група АБ со оние кои се 0 и А и оние со крвна група 0 со оние од крвната група 0 и АБ.

Крвна група 0

Луѓето со крвна група 0 по правило се многу пријателски настроени и спонтани. Тие често иницираат различни нешта и настани, иако многу често не ја завршуваат започнатата работа. Тие се креативни и во своето окружување многу популарни, а многу често сакаат и да се центарот на вниманието. Тие имаат многу поголема самодоверба отколку припадниците на останатите групи.

Крвна група А

Луѓето кои имаат крвна група А на прв поглед делуваат многу мирно и сталожено. Но, тие всушност само успешно ги прикриваат своите мисли кои никогаш не се исклучуваат и кои знаат лесно да ги вознемират. Тие се огромни перфекционисти. Од сите крвни групи, оние кои ѝ припаѓаат на крвната група А се најсклони кон уметност и таков вид изразување. Најчесто се малку повлечени и чувствителни, но исто така се и луѓе врз кои секогаш можете да се потпрете.

Крвна група Б

Луѓето со крвната група Б се многу приземјени и во својот живот често се ориентирани кон целите. Поради тоа се одлични работници кои не се откажуваат од своите идеи сè додека не ги спроведат. Оваа упорност може да ги чини и емотивниот живот. Од сите групи, тие се најголемите индивидуалисти кои тежнеат да бидат поразлични од останатите.

Крвна група АБ

Луѓето кои ја имаат оваа крвна група се всушност комбинација од карактерите на А и Б, со тоа што една страна секогаш малку надвладува над другата. Прочитајте ги нивните описи и обидете се да откриете кој ви одговара повеќе. Инаку овие луѓе се секогаш одговорни, желни да им помогнат на другите, како и личности на кои сите можат да се потпрат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар