Истражување: Менопаузата можеби влијае врз животниот век на жените

Според податоците од 16.000 жени собирани во текот на 21 година, постои поврзаност помеѓу траењето на репродуктивниот период на жената и очекуваниот животен век.

Истражување: Менопаузата можеби влијае врз животниот век на жените

Според резултатите, жените кои првата менструацијата ја добиле после 12-тата година, а во менопауза влегле после 50-тата, имале поголеми шанси да доживеат 90 години. Научниците истакнале дека просечната возраст на која жената влегува во менопауза е 51 година, односно во зависност од разните фактори, тоа е периодот помеѓу 40-тите и 50-тите години од животот.

Кај оваа група жени биле забележани многу помалку кардиоваскуларни проблеми, а во третата животна доба влегле витални и со добро здравје, нешто што би ја објаснило нивната долговечност.

Научниците исто така истакнале дека жените со подолг живот не пушеле, а пушењето може да влијае на предвременото започнување нам менопаузата. Исто така кај овие жени немало знаци за развој на дијабетес тип 2. Кај жените пушачи, менопаузата може да настапи една до две години порано за разлика од жените кои не пушат.

Друго истражување во кое учествувале 124.000 жени покажало дека касната појава на менопаузата, односно после 55-тата година, го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 12%. Кај жените кои влегле во менопауза помеѓу 46-тата и 55-тата година, опасноста била многу помала.

Општо гледано, возраста на којашто жената ќе влезе во менопауза е индивидуална и на ова влијаат многу фактори, а еден од најважните е начинот на живот. Имено, здравата исхрана, хигиената и квалитетот на животот го забавуваат почетокот на менопаузата.

Американските научници истакнале дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди на кој начин генетиката, околината и начинот на живот ја објаснуваат поврзаноста на плодниот период на жената и нејзиниот животен век.

Погледнете и како можете да ја спречите предвремената менопауза.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар