Истражувањата покажале дека жените имаат поголеми шанси за оргазам со друга жена отколку со маж

Истражувањата покажале дека жените имаат поголема шанса да доживеат оргазам со друга жена отколку со маж. Во истражувањето учествувале 2.300 жени на возраст од 18 до 46 години од целиот свет. Резултатите покажале дека жените коишто спиеле со другите жени доживувале и до 55 оргазми месечно. За жал овие резултати може да имаат лошо влијание на машкото его.

Истражувањата покажале дека жените имаат поголеми шанси за оргазам со друга жена

Спротивно на ова, истражувањата покажале дека жените во хетеросексуални врски доживувале оргазам само 7 пати месечно. Разликата е навистина голема. Оваа разлика постои и покрај тоа што хетеросексуалните двојки имале односи 16 пати месечно, додека хомосексуалните парови имале секс 10 пати месечно.

Поради овие резултати, експертите понудиле неколку совети за мажите кои можеби ќе им помогнат да сфатат што прават погрешно. Д-р Кристен Јозовски од Универзитетот во Арканзас изјавила:

„Сексот со други жени беше разновиден. Сексот кој вклучува повеќе однесувања резултира со повеќе оргазми за жената.“

Следејќи го ова, сексот со подолга предигра и кој не е избрзан има поголеми шанси да заврши со оргазам за жената.

Авторката на книгата „101 секс совет“ (101 Sex Tips), Ребека Дакин изјавила:

„Мажите премногу се возбудуваат и сакаат што побрзо да пенетрираат. На жената ѝ се потребни барем 45 минути предигра пред самиот сексуален однос.“

Неодамнешно истражување од Универзитетот Чапман во Индијана и Институтот Кинси покажало дека 33% од хетеросексуалните жени доживуваат оргазам секогаш кога имаат секс. За разлика од жените, дури 75% од хетеросексуалните мажи изјавиле дека доживуваат оргазам секогаш кога имаат секс.

Истражувањето исто така покажало дека жените хомосексуалци доживуваат оргазам во 86% од односите, а жените бисексуалци во 66%.

Ова не значи дека хомосексуалците имаат посебни техники или сексуални моќи. Ова значи дека можеби мажите треба да обрнат поголемо внимание на потребите на жените во спалната соба. Потребно е да ѝ посветат повеќе внимание на предиграта наместо веднаш да се упатат кон целта.

Прочитајте ги и овие факти за сексот на кои сигурно немате помислено.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар