Истражувањата покажале дека одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолго

Кога ќе го смените работното место или кога се обидувате да добиете унапредување, можеби воопшто не ни планирате да ги искористите деновите за одмор за таа година. Но потребно е добро да размислите пред да ја донесете таа одлука. Според едно истражување од Универзитетот во Хелсинки, одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолго.

Истражувањата покажале дека одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолго

Истражувањето траело од 1974-та го 2014-та година и во него учествувале 1.222 средовечни мажи родени помеѓу 1919 и 1934 година. Сите мажи имале барем едно нешто што им го зголемувал ризикот од кардиоваскуларни болести. Некои мажи биле пушачи, некој имале висок холестерол, некои биле со прекумерна тежина, а некои имале висок крвен притисок.

Мажите биле поделени во две групи по случаен избор – група за контрола и група за интервенција. Групата за контрола продолжила со нивните животи како и претходно, а групата за интервенција посетувала доктор на секои 4 месеци и добивала совети за тоа како да живее поздрав живот. Ако советите не помагале, добивале и лекарства.

По завршувањето, истражувачите забележале нешто навистина изненадувачко кај групата за интервенција. Луѓето од оваа група кои поретко земале одмор имале 37% поголем ризик од смрт помеѓу 1974-та и 2004-та година. Овие луѓе живееле здрав живот, но она што направило вистинска разлика било времето што го одвојувале за намалување на стресот. Паузите од работа значително им помогнале на мажите од оваа група.

Истражувачите ги претставиле нивните откритија на Конгресот на европското друштво за кардиолози во 2018-та година. Еден од истражувачите, професор Тимо Страндберг, објаснил зошто било важно овие мажи да земаат одмор.

„Во нашето истражување, мажите со пократки одмори работеа повеќе и спиеја пократко од оние со подолги одмори. Овој стресен животен стил ја поништил секоја предност од интервенцијата.“

Професор Страндберг се надева дека луѓето ќе почнат повеќе да ги користат деновите за одмор бидејќи тоа е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот.

„Немојте да мислите дека здравиот животен стил ќе надомести за пренапорното работење и некористењето на деновите за одмор. Одморите се одличен начин да се ослободите од стресот.“

Може да биде навистина тешко да најдете вистинско време за земање одмор, но од ова можете да имате многу придобивки. Како што покажало истражувањето, одморите можат навистина да го подобрат вашето физичко здравје.

Други истражувања покажале дека одморите можат да го подобрат и вашето ментално здравје. Тие ви помагаат да бидете попродуктивни, да се чувствувате порелаксирано и да имате контрола над животот. Па ако барате начин да го продолжите вашиот живот, одењето на одмор е еден начин да го направите тоа.

Погледнете и што прават 10 дена одмор на море за вашето здравје.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар