Исповеди на 5 жени: Како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?

Исповеди на 5 жени: Како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?

Во денешното „модерно” време, ретко која жена е спремна да се воздржи од секс до бракот. Многу девојки стапуваат во брак во своите 30-ти години и веќе имаат неколку врски зад себе пред да се омажат. Но, овие 5 девојки се чувале за „оној вистинскиот” и кога стапиле во брак биле сè уште невини. А, еве ги и нивните приказни.

Исповеди на 5 жени: Како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?

Ана, 23: „Сè уште сум несигурна!”

„Од секс се воздржавме до венчавката.  Додека јас „се чував“ до стапувањето брак, мојот сопруг многу порано ја изгубил невиноста и бил интимен со многу жени. Првиот секс ми беше големо разочарување. Бев многу несигурна затоа што не знаев ништо за сексот и постојано мислев на тоа дека тој веќе бил со многу жени.  Мислев дека првото сексуално искуство е нешто болно и страшно, но и нешто неверојатно – затоа што мислев дека и двајцата ќе откриеме нови нешта. Меѓутоа, искуството беше ново само за мене, а за него не беше онака како што јас посакував. Ситуацијата беше многу напната, па и денес сум несигурна. Верувам дека сексот во бракот е многу повеќе од допир на две тела. Тешко е да се објасни.  Некои работи се сега подобри, но други ми се сè уште тешки. Сега сум посамоуверена – но мојот сопруг сè уште е поискусен од мене.”

Вишна, 28: „Тоа беше најголемата грешка во мојот живот”

„Беше страшно, навистина. Тоа што се воздржував од секс до бракот беше мојата најголема грешка во животот! Имавме секс на првата брачна ноќ и беше страшно – ни денеска не е ништо подобро. Веќе 4 години сме заедно. Тоа предизвика толку многу проблеми во нашата врска и многу се оддалечивме еден од друг. Ние веќе не спиеме во ист кревет! Мојот сопруг не беше невин до нашата венчавка. Тој претходно спиел со неговата девојка од средно училиште. Жалам што себеси си вршев притисок да останам невина до бракот. Кога би можела да го вратам времето, веднаш би спиела со него!”

Маргарета, 22: „Имавме секс во автомобилот веднаш по венчавката”

„Првото сексуално искуство по венчавката беше болно и многу страшно. Бевме толку возбудени и посакувавме да имаме секс, па го направивме тоа во автомобилот пред хотелот.  Тоа не беше добра идеја. Второто искуство ни беше во апартманот за младенци. Мојот сопруг не беше невин и му беше многу тешко да се воздржи до бракот.
Мене тоа ми беше многу важно од религиозни причини – така сум воспитана. Понатаму сексот беше феноменален, јас можев веднаш да испробам сè што посакував. Во брак сме една година – а сексот е сè уште одличен!”

Петра, 28: „Плачев под тушот”

„Мојот поранешен сопруг и јас се упативме кон хотелот веднаш по свадбата за да се „фрлиме в кревет“. Се смеевме затоа што знаевме што нè очекува. Не знаевме ништо за предигрите, па пуштивме романтична музика. Не знаевме што точно да правиме, но сè брзо заврши. Имавме секс во една поза и по 3 минути сè заврши. Ме праша: ‘Дали е тоа, тоа?’ Отидов под туш и плачев 10 минути. Кога се вратив во кревет, тој спиеше. Мојот сопруг, исто така, беше невин и рече дека ќе се венча со мене за да можеме да имаме секс. Она што научив е дека сексот не е толку важен и кога би можела повторно да одлучувам дали ќе го направам тоа пред брак, дефинитивно би пробала.“

Клара, 21: „Бев загрижена затоа што неговиот полов орган беше многу мал”

„Беше многу напнато! Мислев дека ќе се чувам за вистинскиот, но кој би помислил дека тоа ќе трае до венчавката? Мојот сопруг и јас имавме некои сексуални активности и претходно, но бев загрижена затоа што неговиот полов орган беше толку мал. Сепак, големината нема толку голема улога затоа што хемијата помеѓу нас е одлична, а тоа ни го одржува свеж нашиот брак и сексуалниот живот.  Тој не беше невин до бракот. Со текот на времето е сè подобро во кревет – и понатаму ги проучиме нашите тела.”

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека за најдобриот секс не е пресуден за изборот на брачен партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар