Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Многу Македонци сонуваат за тоа да живеат во странство со оглед на економските, политичките и здравствените услови во нашата земја. Доколку сакате да „побегнете“, но немате идеја каде, можеби најновиот извештај ќе ви помогне.

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Глобалната мрежа InterNations, што им помага на иселениците да се поврзат едни со други, пред некое време го објавила годишното истражување кое открива кои се најдобрите земји за живот и работа во странство. Компанијата испитала повеќе од 12.500 иселеници од 188 различни земји за да ги рангира нивните нови домови во 5 категории: животен квалитет, потешкотии при вселување и снаоѓање, работа, семеен живот и финансии. За секоја категорија, испитаниците ги оцениле земјите во кои се вселиле според 43 поспецифични фактори, како што се чувство на безбедност и леснотија при стекнување пријатели.

Конечните резултати најверојатно ќе ве изненадат! Секако дека постојат и други извори со различни мислења, но и ова е добар почеток. Во продолжение прочитајте кои се 10-те најдобри места за живеење во странство според иселениците…

10. Шпанија

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Шпанија се нашла во првите 10 поради големиот избор на активности што можете да ги правите во слободно време и 9 од 10 испитаници изјавиле дека се генерално задоволни од животот таму.

9. Сингапур

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Иселениците велат дека се чувствуваат многу безбедно во Сингапур и дека е особено лесно да се најде квалитетно образование за децата.

8. Колумбија

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Безбедноста е проблематична во некои области, но генерално Колумбијците се многу гостопримливи. Испитаниците изјавиле дека лесно е да се најде работа и живеалиште таму.

7. Малта

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Малта добила високи оценки кога станува збор за работа и безбедност, иако иселениците изјавиле дека помалку заработуваат на островот одошто би заработувале кога би имале слична работа во други земји.

6. Нов Зеланд

Иселениците откриваат: Кои се најдобрите места за живеење во странство?

Нов Зеланд се наоѓа на високо место поради постојаната рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Иселениците велат дека тука работат помалку часови неделно за разлика од иселениците во други земји.

Продолжете на следната страница за останатите земји…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар