Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Наоѓањето локација за вашиот одмор често се претвора во вистински предизвик – сакате нешто поевтино, но луксузно и без толпи од луѓе. Еден корисник на Редит бил љубопитен за тоа кои туристички атракции не вредат за вашите пари, ниту пак за вашето време, а она што го открил било интересно. Погледнете ги дестинациите кои според корисниците на Редит, најверојатно нема потреба да ги посетите.

1. Булеварот Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекувања: Сакате да ја видите познатата Патека на славните и да уживате во неа.

Реалност: „Има толпи од бездомници. И мириса како канализација.“

2. Балконот на Јулија, Верона, Италија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да влезете во атмосферата на Шекспировата драма, гледајќи го местото каде што разговарале Ромео и Јулија.

Реалност: „Илјадници туристи се туркаат по тесна улица за да го видат балконот. Но, тоа што треба да го знаете е дека балконот бил изграден откако била напишана драмата.“

3. Платформата на Големиот Кањон, Аризона

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да се прошетате, да уживате во погледот, да направите убави фотографии и да јадете нешто вкусно.

Реалност: „Ни беа потребни неколку часа да стигнеме до таму од Лас Вегас. Самата платформа чини 26 евра. За да стигнеме од платформата до најблискиот трговски центар, потрошивме уште 26 евра. Забрането е да фотографирате таму или да носите камера. Но на самото место ќе се обидат да ви продадат камера! Има само едно место каде што можете да јадете и служат евтина конзервирана храна, што чини цело богатство.

4. Мона Лиза во Лувр, Париз, Франција

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да го истражите портретот детално и да ја почувствувате моќта на насмевката на Мона Лиза.

Реалност: „Лувр е неверојатен, но Мона Лиза е разочарување. Сликата е мала и има толпа од туристи насекаде. Едвај ќе видите нешто.“

5. Машината за пишување на Адолф Хитлер, Алабама

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да ја почувствувате енергијата на машината што ја користел Хитлер.

Реалност: „Тоа е обична машина за пишување. Ништо посебно, иако на фотографијата изгледа неверојатно.“

6. Каменот Плимаут, Масачусетс

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да можете да си замислите дека ова е каменот што го допреле првите британски доселеници и да бидете возбудени бидејќи можете да видите важен дел од историјата.

Реалност: „Всушност, никој не знае дали каменот е вистински или не и дали има нешто заедничко со првите доселеници.“

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар