Интересни факти за Италија кои не сте ги знаеле

Италија важи за една од најубавите земји во Европа. Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери. Па доколку сè уште не сте биле во Италија, но би сакале да ја посетите, следниве неколку работи би ви овозможиле да научите нешто повеќе за оваа воодушевувачка земја.

1. Никој не знае зошто и од каде Италија го добила името

Името потекнува од зборот italia што значи земја на млад добиток, а се претпоставува дека тоа е поради бикот кој бил симбол на племињата од Јужна Италија.

1-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

2. Италија е меѓу првите пет земји со најголема населеност во Европа

Според последните пресметки, во Италија живеат 59.830.000 жители.

2-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

3. Само во Рим има преку стотици фонтани

Околу 50 големи и небројно многу мали фонтани, не вклучувајќи ги т.н. nasoni кои ги користат пешаците. Најстара и меѓу најубавите е фонтаната Треви, која датира уште од 19 век п.н.е., а за која постои легенда која вели дека секој што ќе фрли париче во неа, еден ден повторно ќе се врати во Рим.

3-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

4. Италија се наоѓа над површина подложна на геолошки непогоди

Токму поради ова, во Италија многу често има земјотреси, а во последните 100 години имало ерупција на дури три вулкани.

4-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

5. Највисокиот врв во Западна Европа се наоѓа во Италија

Монблан (во превод бела планина) е дел од Алпите и е со највисокиот врв во Западна Европа – 4.810 метри.

5-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

6. Повеќе од 50 милиони туристи ја посетуваат Италија секоја година

Летниот и зимскиот туризам се важен дел од економијата во Италија, претставувајќи околу 60 проценти од вкупниот приход.

6-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

7. Најпопуларен спорт во Италија е фудбалот

Италијанските фанови се меѓу најфанатичните и најстрасните фанови на фудбал во светот, познати како tifosi – носачи на тифус. Меѓу другото, многу познати фудбалски клубови се токму од Италија: Јувентус, AC Милан, Интер и други.

7-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

8. Најголем празник во Италија е Божиќ

Земајќи предвид дека 85 проценти од населението се католици, Божиќ се слави на 25-ти декември, а Божиќниот распуст продолжува дури до 6-ти јануари.

8-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

9. Пастата не се послужувала со сос од домати дури до 1600 година

Пред 1600 година, пастата се јадела со мед и шеќер. Денес постојат повеќе од 500 видови паста низ цела Италија, а се смета за навреда доколку побарате кечап во ресторан.

9-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

10. Сите музички нотации се на Италијански јазик

Allegro, adagio, piano и многу други, италијански зборови кои се однесуваат на темпото, јачината и останато во музиката. Тоа е затоа што Гвидо Аретински е основач на системот кој се користи во современата музичка нотација.

10-interesni-fakti-za-italija-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Шокиран Reply

    Браво за фонтаната Треви од 19 век п.н.е. Многу јака „информација“, ова стварно никој не можел да го „знае“.

  2. Dreamchaser Reply

    Обично вашите статии се доста интересни, но оваа некако сте ја промашиле. Како прво повеќето од фактите се широко познати, а како второ Мон Блан не е највисок врв во Европа, туку Елбрус (5 642м)

Остави коментар