Инспиративни (и надежни) цитати кои опишуваат како изгледа вистинскиот маж

Инспиративни (и надежни) цитати кои опишуваат како изгледа вистинскиот маж

Живееме во свет исполнет со независни жени кои се способни да носат свои одлуки. Токму затоа и тие сакаат да бидат со мажи кои им го прават животот вреден за живеење. За разлика од порано, во денешно време жените се многу повнимателни и поспецифични при изборот на партнер. Тие повеќе не се задоволуваат со момче крај себе, туку сакаат вистински маж. Тоа е и причината зошто понекогаш може да биде тешко да се пронајде ваква личност. Имајќи го тоа на ум, доколку можете да го пронајдете вашиот партнер во некој од овие цитати, тогаш без сомнение имате вистински маж крај вас, кој е вреден за вашето време и внимание.

Инспиративни (и надежни) цитати кои опишуваат како изгледа вистинскиот маж

„Поминувате време со вашето семејство? Добро. Бидејќи мажот што не поминува време со неговото семејство, никогаш нема да биде вистински маж.“ – Дон Вито Корлеоне, „Кум“

„Вистинскиот маж нема да биде во врска со најубавата девојка на светот – тој ќе ја сака онаа која го прави неговиот свет најубав.“ – Непознат автор

„Колку е посилен мажот, толку понежен може да си дозволи да биде.“ – Елберт Хабард

„Добриот партнер ја сака својата девојка со целото срце. Тој не се плаши да покаже кон неговата девојка пред неговите пријатели и да каже: ‘Таа е моја’.“ – Непознат автор

„Вистинскиот маж не може да ја гледа својата сакана повредена. Тој е внимателен со своите одлуки и дејства, со цел никогаш да не биде одговорен за нејзината болка.“ – Непознат автор

„Мажите се како железо. Кога тие ќе го изгубат својот темперамент, ја губат и својата вредност.“ – Чак Норис

„Првиот чекор да се биде добар маж е следниов: Вие мора длабоко да го чувствувате товарот на камењата кој некој друг ги носи.“ – Мехмет Мурат Илдан

„Добриот партнер никогаш нема да ги реши сите ваши проблем, но ќе ви вети дека нема да морате да се соочувате со нив сами.“ – Непознат автор

„Добриот маж ќе сака да сјаете. Тој ќе сака да бидете најдобрите верзии од себеси. Добриот маж обожава да се пофали со својата среќна, интелигентна, неверојатна и моќна жена.“ – Анастасија Нетри

„Добриот маж го прави тоа што мора, без разлика на личните последици, без разлика на пречките и опасностите и притисоците – токму тоа е основата на сета човечка моралност.“ – Џон Ф. Кенеди

„Можете да препознаете маж според неговата насмевка, и ако го сакате начинот на кој мажот се смее пред да дознаете што било друго за него, вие слободно можете да кажете дека станува збор за добар човек.“ – Фјодор Достоевски

„Вистинските мажи остануваат верни. Тие немаат време да бараат други жени бидејќи се презафатени во барањето нови начини да ги сакаат своите.“ – Непознат автор

„Да се биде добар сопруг е исто како и да се биде добар стенд-ап комичар – потребни ви се барем 10 години пред да можете да се наречете почетник.“ – Џери Сеинфилд

„Џентлеменот ќе ја отвори вратата, ќе ја поттргне столицата и ќе ги носи нештата. Не затоа што таа е беспомошна или неспособна, туку затоа што сака да ѝ покаже дека е вредна и достојна за почит.“ – Чарлс Џ. Орландо

„Вистинската моќ на мажот е во големината на насмевката што ја носи жената која седи крај него.“ – Непознат автор

„Вистинскиот маж ја лаже својата сакана само кога планира да ја изненади.“ – Непознат автор

„Вистинскиот маж никогаш не престанува да се обидува да ѝ покаже на девојката колку таа му значи, дури и откако ќе ја добие.“ – Непознат автор


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар