Инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето

Се вели дека со годините си доаѓаат мудроста, добрината, самодовербата и слободата. Доколку имате страв од стареењето, дозволете им на следниве инспиративни цитати да ви ја покажат светлата страна на зрелата доба од животот…

Инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето

„Добрата страна на стареењето е тоа што не ги губите сите оние години што поминале.“ – Медлин Ленгл

„Не можете да го спречите стареењето, но не мора да остарете.“ – Џорџ Барнс

„Зошто луѓето се плашат од стареењето? Ќе бидете помудри. Ќе се чувствувате позрело. Подобро ќе се познавате себеси. Дали би го замениле тоа за помека кожа? Јас не!“ – Ана Курникова

„Ако не стареете, тоа значи дека сте мртви.“ – Том Пети

„Добрата страна на стареењето е тоа што добивате шанса да им кажете на луѓето во вашиот живот колку многу ви значат.“ – Мајк Лав

„Добрата страна на стареењето е тоа што како што станувате сѐ помалку привлечни, така имате сѐ помала желба да излегувате и да освојувате сѐ што ќе видите.“ – Џулијан Клери

„Искрено можам да кажам дека го обожавам стареењето. Но, од друга страна, пак, никогаш не си ги ставам очилата пред да се погледнам во огледало.“ – Шери Лунги

„Како што стареам така станувам подобар.“ – Нил Шон

„Стареењето е сосема нормално. Не можете да сторите ништо за да го спречите, така што најдобро е да си останете на автобусот.“ – Џон Бирн

„Зошто би се грижел во врска со стареењето? Зошто би се жалел поради тоа?“ – Дон Фенч

„Мислам дека жените треба да почнат да си ги прифаќаат годините. Која е другата опција? Смртта. Не можам да ја променам датата на раѓање. Но, можам да се грижам за кожата, телото, умот и да се обидам да си го живеам животот и да бидам среќна.“ – Оливија Мун

Инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето

„Како што почнав да стареам, сфатив дека сум многу среќна! Не го очекував ова! Не бев среќна кога бев млада.“ – Џејн Фонда

„Покрај стареењето и имањето деца, учите како да не бидете толку сериозни во врска со животот.“ – Лена Хеди

„Добрата страна на стареењето е тоа што вашиот живот ви е напишан на лицето.“ – Франсес МекДорман

„Посакувам да се чувствувам 100% пријатно во своја кожа. Тоа е процес, но како што стареам, така станувам посамоуверена.“ – Британи Сноу

„Го обожавам стареењето! Навистина верувам дека жената не го достигнува врвот додека не влезе во 40-тите години.“ – Еванџелин Лили

„Многу сум љубопитен да гледам нови работи, но не и да ги поседувам. Така е многу помирно, а тоа е и едно од убавите нешта кај стареењето.“ – Ли Реџивил

„Сакам да стареам. Кога сте во 20-тите години во животот вие само ја поставувате основата на вашата иднина. Работите добиваат форма дури подоцна.“ – Криспин Гловер

„Никогаш да не дознаеме што се стари години. Да дознаеме каква среќа може да ни донесе времето, а не да ги броиме годините.“ – Аузониј

„Староста е нешто што воопшто не е важно, освен ако не сте сирење.“ – Луис Бунуел

„Обидете се да ја одржите душата млада и разиграна дури и на стари години.“ – Џорџ Сенд

„Младоста е дар од природата, но староста е уметничко дело.“ – Станислав Ежи Лец

Прочитајте ги и следниве инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар