Индиски мудрости: 24 мисли за животот од Рабиндранат Тагоре

Рабиндранат Тагоре е индиски филозоф, писател и музичар кој со книжевноста започнал да се занимава уште од рана возраст и успеал да се закити со престижната Нобелова награда за литература. Тој во драмите и поезијата ги нагласува симболизмот и алегоријата, но ги разгледува и темите од секојдневниот живот. Во романите, традиционалните сфаќања ги разработува со живиот наративен приказ на постапките на личностите од неговиот крај, втемелувајќи го модерниот индиски роман. Проповедал своја сопствена религија – Религијата на човекот, обединувајќи ја филозофијата на Упанишадите и вишнуистичкиот теизам со космополитското единство со луѓето. Тој го отфрлал материјализмот и прагматизмот и се држи до темелот на универзалниот морал и културен идентитет верувајќи дека со различноста може да се изгради едно праведно и слободно општество. Во продолжение следуваат дел од неговите најмоќни размислувања за животот.

Индиски мудрости: 24 мисли за животот од Рабиндранат Тагоре

„Бистрата река на разумот не го губи својот пат во сувиот песок на навиките.“

„Не смееме да ја судиме и цениме цивилизацијата по основа на тоа колку моќ има, туку по тоа колку во своите закони и дела ја изразила љубовта кон човекот.“

„Цветот со тага ги губи своите латици, но наместо нив со радост го очекува плодот.“

„Човекот од оружјето направи свој Бог. И кога оружјето ќе победи, човекот ќе остане поразен.“

„До вистината можеме да дојдеме само ако ни е дадена слобода да грешиме.“

„Кога ќе стане животно, човекот е полош и од животните.“

„Водата во садот е бистра, а водата од морските длабочини е темна. Мала вистина има во зборовите кои се јасни, а голема вистина има во молчењето.“

„Малата пупка ги растворува латиците велејќи: О, драг свету, немој да овенеш!“

„Мажите знаат само да мислат. Жените имаат свој начин да разбираат без да мислат.“

„Не постои поезија која може да се издигне до оние висини до кои може да допре љубовта.“

„Несовршенството не е негација на совршенството. Конечноста не ја негира бесконечноста. Тоа значи дека целината се искажува во делови и бескрајот се открива во границите.“

„Ниеден народ не може да се спаси одвојувајќи се од другите. Или ќе се спасиме заедно или заедно ќе пропаднеме.“

„Нема ништо полесно од уништувањето на внатрешната слобода на човекот во име на надворешната слобода.“

„Оние кои учат, а не го применуваат своето знаење, се слични на селаните кои ораат, а не сеат.“

„Она што ни е потребно за да можеме да бидеме слободни е љубовта. Таа има сила со радоста да го носи бремето на светот.“

„Реката може да стане море, но нема никогаш да постигне морето да биде дел од неа.“

„Само тоа што го правиме од љубовта го правиме слободно, независно колку патење произлегло од тоа.“

„Спиев и сонував дека животот е радост. Се разбудив и открив дека животот е служење. Се предадов на служењето и открив дека служењето е радост.“

„Свету, кога ќе умрам, во својата тишина сочувај само еден збор за мене: Љубев.“

„Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивставености.“

„Големата Божја моќ е во благоста на ветрот, а не во бурите.“

„Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.“

„Заради изминатата љубов, животот е побогат.“

„Ако ја затворите вратата на своите грешки, ќе ја затворите и на вистината.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар