Иднината преку алатките за виртуелна реалност: Следење натпревари од првиот ред и прошетки на Марс

Иднината преку алатките за виртуелна реалност: Следење натпревари од првиот ред и прошетки на Марс

Виртуелната реалност е нешто за што треба да се зборува. Иако индустријата за дизајнирање на игри е лидер во искористување на потенцијалот на оваа технологија, приказната не застанува тука.

Иднината преку алатките за виртуелна реалност: Следење натпревари од првиот ред и прошетки на Марс

Еве неколку примери за тоа како оваа технологијата ги менува животите на подобро.

Виртуелна реалност е технологија која веќе некое време е во целиот свет. Иако нејзиниот потенцијал најмногу се користи во индустријата за игри, таа несомнено започна да се шири и во другите аспекти од животот, како што се образованието и медицината.

Така, нејзините корисници не се повеќе само пасивни гледачи, туку се и „реални“ учесници во разни активности. Иако ова се самите почетоци на новата технолошка револуција, логичката секвенца на виртуелната реалност е трансформација на човековиот секојдневен живот и оваа технологија за неколку децении ќе биде целосно вградена во начинот на кој живееме.

Еве неколку примери за интеграција на виртуелната реалност во нашите секојдневни животи, досега.

Нова димензија на следење на натпреварите

Новата димензија на натпреварите и нивното следење преку алатките за виртуелна реалност е секако нова револуција во спортската индустрија, како за играчите, така и за гледачите.

Виртуелната реалност се користи во спортот како средство за тренинг и при мерење на атлетските перформанси и креирањето анализи на техниката на играчите. И, за љубителите на спортот, виртуелната реалност носи сосема нова димензија на доживување на спортските настани.

Некои луѓе веќе имале можност да бидат тест-гледачи на спортски настани преку алатките за виртуелна реалност, па ги следеле натпреварите во првите редови, иако не биле присутни во салата.

Несомнено е дека имплементацијата на оваа технологија ќе продолжи и во иднина, а наскоро сите ќе имаме можност да купуваме „виртуелни билети“ за разни спортски настани.

Од училишните клупи до вселената

Оваа технологијата најде начин да влезе во училниците ширум светот, поради што децата денес имаат различни образовни придобивки.

Благодарение на виртуелната реалност, студентите, како и нивните професори, имаат можност да ги посетат светските музеи, да патуваат низ историски епохи или да го видат сончевиот систем.

Покрај тоа, извршувањето на разни операции и процедури во ова тридимензионално опкружување им помага на децата да развијат вештини што подоцна ќе ги применат во реалниот свет.

Дигитално банкарство

Денес, сме сведоци на дигитализација на целиот банкарски систем, а традиционалното одење во банка за некоја едноставна процедура полека се заборава. На пример, трансферот на пари од една на друга сметка може да се реши преку мобилна апликација, а некои банки даваат и опција за склучување договори за кредит. Во денешно време некои банки нудат виртуелни продажни места, преку кои можете да добиете многу услуги за кои порано мораше да бидете физички присутни.

Лечење на посттрауматски стрес

Покрај образованието, виртуелната реалност се покажа како добра поддршка која им помага на луѓето кои страдаат од некоја форма на ментално нарушување, но и за одржување на овој вид здравје. Така, виртуелната реалност стана примарен метод на третман на посттрауматски стрес преку аплицирање терапија со помош на виртуелната реалност, па преку оваа алатка едно лице може да влезе во фаза на реконструкција на трауматски настан. Покрај тоа, виртуелната реалност се користи за лекување на анксиозност, фобии и депресија.

Оваа технологијата може да му обезбеди на пациентот безбедно опкружување кога комуницирате за нешта од кои тој или таа има стравови, додека е во контролирано или безбедно опкружување.

Виртуелната реалност во војската

Виртуелната реалност одамна се користи при обуката на војници и унапредување на воената тактика. Така, на пример, армиите од Велика Британија и САД прифатиле употреба на оваа технологија при обука на војници заради широкиот спектар на симулации. Може да постави камера за виртуелна реалност на војникот во различни ситуации, места и средини, како што се симулациите на летање и на бојни полиња, без да тие да се ризикуваат од реалните ситуации. Покрај тоа, најголемата предност при користењето на оваа технологија во војската е намалувањето на трошоците.

Можеби сакате да одржите добра форма со помош на овој симулатор за летање во комбинација со виртуелна реалност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар