Гламур, сексапил и стил: 7-те најскапи филмски фустани

Зад филмските костими се кријат неверојатни приказни. На пример, фустанот на Скарлет О’Хара од филмот „Однесено со виорот“ е продаден за 137.000 долари, а костимографот го купил на распродажба на костими за 20 долари. Денес ќе прошетаме низ нашите омилени филмови и ќе погледнеме кои се најскапите фустани кои ги носеле познатите холивудски дами на филмското платно.

1-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

Во 2011 година на аукција се појавија многу холивудски реквизити и костими. Славниот фустан на Мерлин Монро од филмот „The Seven Year Itch“ е продаден за 4,6 милиони долари.

2-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

Фустанот на Одри Хепберн од филмот „My fair lady“ исто така е продаден во 2011 година за 3,7 милиони долари.

3-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

Џули Ендрјус не носела баш така луксузен фустан во филмот „The sound of music“. Токму тој фустан е продаден во 2013 година за 1,56 милиони долари.

4-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

Иако на почетокот на аукцијата процената била дека ќе биде продаден за стотина илјади долари, фустанот кој го носеше Мерлин Монро во филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ достигна цена од 1,2 милиони.

5-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

Најпознатиот филмски, мал црн фустан кој го дизајнирал Живанши за Одри Хепберн, аукциската куќа го продала за 900.000 долари во 2006 година. Живанши овој фустан го подари во добротворни цели, односно парите од продажбата се искористени за загрозените.

June 1961:  Audrey Hepburn (1929 - 1993) stops for lunch on Fifth Avenue in New York during location filming for 'Breakfast At Tiffany's', directed by Blake Edwards in which she stars as Holly Golightly.  (Photo by Keystone Features/Getty Images)

Сино-белото фустанче кое го носеше Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“ е продадено во 2012 година за 480.000 долари.

7-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

Преубавиот фустан од филмот „Титаник“, кој го носеше Кејт Винслет е продаден за 330.000 долари во 2012 година.

8-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар