Генијална мајка му одржува лекција на својот син што никогаш нема да ја заборави!
Естел Хавишам од Австралија имала мал пубертетски „судир“ со нејзиниот 13-годишен син Арон, кој неодамна започнал свој канал на Јутуб и почнал да заработува „ситни пари“ благодарение на рекламите. Охрабрен од новата заработка, со голема доза на храброст ѝ рекол на својата мајка дека не може повеќе да го контролира.

После тоа, Естел ги „запленила“ неговите нешта и му напишала кратко, но многу јасно писмо кое го сликала и го пратила на нејзината фамилија. Тоа брзо се прошири на интернет и стана вистински вирален хит. Во продолжение прочитајте како мајката му одржува важна лекција на својот син.
[message_box title=”” color=”yellow”]
Драг Арон,
Со оглед на тоа дека заборави дека имаш само 13 години, а јас сум твој родител, изгледа дека ти е потребна една мала лекција по независност. Се пофали дека сега заработуваш, па сигурно лесно ќе ти биде да ги откупиш сите нешта што сум ти ги купила во минатото. Ако си ги сакаш своите ламби, електрични светилки или пристап до интернет, ќе мораш да го сносиш својот дел од трошоците.
Кирија – 430 долари
Струја – 116 долари
Интернет – 20 долари
Храна – 150 долари
Ѓубрето треба да се изнесува секој понеделник, среда и петок, а треба и да се чисти и да се смука. Еднаш неделно ќе го чистиш тоалетот, ќе си приготвуваш своја храна и ќе треба да го чистиш нередот што го оставаш зад себе. Ако не успееш ќе ти наплатувам за услуги како слугинка, кои ќе те чинат по 30 долари за секој ден кога јас морам да го направам тоа наместо тебе. Ако одлучиш дека сепак повторно би бил мое дете, а не мој цимер, можеме да преговараме за условите.
Со љубов,
Мама
[/message_box]
